Живот и Стил

Омлет мафини кои се готови за 10 минути и се незамисливо вкусни

Омлет мафини кои се готови за 10 минути и се незамисливо вкусни

Ако немате идеја што да подготвите за појадок или вечера, пробајте ги овие омлет мафини со сирење и сигурно нема да зажалите! Подготовката е едноставна и важно е само да се запамети бројот 6.

За послужавник од 12 мафини ви требаат:

  • 6 јајца
  • 6 лажици млеко
  • 6 лажици рендано сирење, гауда, трапист, ементалер …
  • сол и бибер
  • Подготовка:

Прво вклучете ја рерната. Одделете ги белките од жолчките, потоа изматете ги жолчките и додадете сирење и млеко. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено истурете ги белките во смесата со жолчките со лажица. Зачинете по вкус и истурете во калап или тава.

Печете 10 минути или додека не порумени. Исто така можете да додадете зеленчук, суво месо, сè што сакате.

извор: Курир.мк