Живот и Стил

Октомвриска полна месечина: Доаѓа во недела, а еве што ќе донесе за секој

Октомвриска полна месечина: Доаѓа во недела, а еве што ќе донесе за секој

Октомвриската полна месечина, од 9 октомври, има неколку различни имиња – месечина за лов, месечина во движење, ледена месечина, а најпозната е крвавата месечина. Како и секоја лунарна енергија во својата целосна фаза, таа го симболизира почетокот и крајот и означува важен период за промени во нашиот живот. Хороскопот посочува дека е од особена важност да се фокусирате на врските, емотивните односи во кои ве очекуваат најмногу промени.

За време на полна месечина, Сонцето е во емотивна Вага, па ќе се посветиме на партнерски, платонски врски. Исто така, Месечината ќе биде во тесна врска со Венера, планетата на љубовта и романтиката. Задачата што планетите ја носат на сите е да создадат совршена рамнотежа помеѓу партнерските и вашите емотивни потреби и желби. Препуштете се на сите важни лекции и убавини на животот и не заборавајте, секој крај е шанса за нешто ново и величествено.

Овен
Потрудете се да ги разберете и поддржите потребите на вашиот партнер овој месец. Отворениот ум и око ќе ви послужат како инспирација овој месец.

Бик
За разлика од вас, вашите пријатели и семејството многу повеќе ќе го чувствуваат влијанието на оваа крвава месечина. Молчете, поправете ги односите и бидете тука за другите како поддршка.

Близнаци
Во периодот на крвавата полна месечина ги очекува тежок месец. Совет е да избегнувате конфликти и несогласувања кои можат да се решат по мирен пат.

Рак
Доколку не сте во врска, ова не е период да започнете нешто. Месецот ќе биде доста полн за вас, па нема да има можност да започнете нешто ново.

Лав
Ова е совршен период за зачувување на внатрешниот мир. Легнете, обновете ја вашата енергија и размислете што сакате од вашиот живот сега.

Девица
Посветете се во оваа месечна фаза, слушајте го вашиот внатрешен глас и моќната интуиција.

Вага
Во текот на овој месец, може да се чувствувате како да сте паднале од колосек, но и тоа ќе помине.

Шкорпија
За Шкорпиите ова ќе биде месец на ослободување. Искористете го вашиот креативен набој.

Стрелец
Избегнувајте можни конфликти кои се на хоризонтот и во овој период искористете ја креативната енергија на полната месечина за можностите кои ви се нудат.

Јарец
Компромисот е клучен за вас овој месец. Слушајте ги другите и избегнувајте бранувања.

Водолија
Доколку сте во врска, ова ќе биде идеален период за зајакнување на врската. Енергијата на полната месечина ви помага да го разберете партнерот и да ја зајакнете врската.

Риби
Октомвриската крвава месечина е сигнал за крај на одредени проекти кои успешно ќе ги завршите. Искористете го овој период за да прославите и да се подготвите за многу добар период што следи.

извор:курир.мк