Радио Милева
носталгија

Огнен Здравковски со емотивна порака по повод роденденот на неговиот починат вујко, Зоран Џорлев: „И сам не сум свесен колку премногу ми фалиш“

Огнен Здравковски со емотивна порака по повод роденденот на неговиот починат вујко, Зоран Џорлев: „И сам не сум свесен колку премногу ми фалиш“

Пејачот Огнен Здравкоски со емотивна пораки се обрати по повод 55-иот роденден на неговиот починат вујко, виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев

Имено, Огнен на својот „Фејсбук“ објави статус и напиша емотивна порака.

-Денес требаше да го прославиме твојот 55-ти роденден… Како летна една година, како вчера да се случи се… И сам не сум свесен колку премногу ми фалиш, а и тек допрва колку ќе фалиш… Среќен роденден најмил мој, мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ И ЗАСЕКОГАШ!!!, напиша Здравкоски покрај фотографијата на која е со Џорлев.

За потсетување, Зоран Џорлев почина на почетокот на претходната година како последица од коронавирусот.

Џорлев беше заразен со коронавирус и се лекуваше на инфективната клиника во Скопје. Неговата состојба била стабилна, но се откачил тромб и ја изгуби битката со короната.

Инаку, Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти, почитуван меѓу колегите од музичката фела. Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

фото: фесјбук/инстаграм/огнен здравкоски

 

Останати вести од Радио Милева