Живот и Стил

Одмор за душата: 10 соби на славните дами со генијален поглед

Одмор за душата: 10 соби на славните дами со генијален поглед

Соба со прекрасен поглед е сон за многу од жените во светот. За такви погледи сонуваме кога ќе отпатуваме на одмор, но исто така и кога го бираме нашиот дом.

Истражувањата покажале дека престојувањето во природа го опушта целото тело и го поништува негативното влијание на стресот.

Поради тоа кога не можеме да одиме во природа во неа сакаме да уживаме барем од прозорецот или пак терасата на нашиот сопствен дом.

Не е ниту чудно што локацијата на недвижностите придонесува и во нивната цена.

За тоа се свесни и славните дами од светот на филмот, музиката или пак модата. Не само што на располагање ги имаат најдобро уредените домови туку истите се опкружени со зеленило и синото море.

Вообичаено станува збор за локации кои даваат максимална приватност, но и места на кои може да се ужива во мирот и тишината.

За погледот да биде уште подобар треба да се постават и поголеми прозорци или пак стаклени ѕидови од подот до таванот кои се отвораат кон природата.

Кои дами уживаат во убавите соби со уште поубав поглед и каде се наоѓаат истите погледнете во галеријата:

1. Величествен поглед на Кортни Кардашијан од нејзиниот дом во Палм Спрингс

2. Дневната соба на Натали Портман во Калифорнија

3. Домот на Иванка Трамп во Мајами

4. Поглед од домот на Кетрин Бигелоу во Лос Анџелес

5. Идилата на Мишел Фајфер во Лос Анџелес

6. Рајски поглед на Пинк во Малибу

7. Домот на Бритни Спирс во Таузанд Оукс

8. Домот на Леона Луис во Лос Анџелес

9. Гламурозниот дом на Хелен Мирен во Холивуд Хилс

10. Станот на Карли Клос со поглед кон Менхетен

извор: кармин.точка.мк