Промотер

Од Пепа Димитрова извира – „Длабоко“ (ВИДЕО)

Од Пепа Димитрова извира – „Длабоко“ (ВИДЕО)

Во саботата, 02 октомври 2021 год. точно на пладне, македонската пејачка Пепа Димитрова на својот „Јутјуб“ канал, го промовираше спотот за новата песна “Длабоко”.

 

Се работи за интересен видео запис кој ja доловува емоцијата и драмата содржана во музичката приказна. Сниман е на повеќе локации. Меѓу нив и во Сливница, на Преспанското Езеро. Препознатливиот режисерскиот потпис е на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Стојановски Зонде.

Во видеото покрај Пепа се појавува и таначарката Дора Китановиќ.

„Сакам музика со душа, со емоција, пред се песни кои носат предизвик во интерпретаторски смисол. Оваа песна е токму таква и навистина заслужи своја видео приказна. Драго ми е што финалниот продукт е нешто што со право може да биде потпишано со Длабоко“- вели Пепа Димитрова за новиот спот.

Инаку, песната “Длабоко” премиерно беше изведена на овогодинешниот Макфест. Музиката и аранжманот се на Јованче Арсовски , а текстот е на Наталија Данаилова.

Истата ќе биде дел од албумот кој е во подготовка и од кој веќе се снимени повеќе песни. Пепа Димитрова најавува дека деновиве ќе снима и нов спот.

Погледнете го видеото за „Длабоко“ во продолжение: