Промотер

Од некогашните „Памперс“ (п)остана „КОД 369“ кој уште на почеток повикува – „Остани до крај“ (Лирик Видео)

Од некогашните „Памперс“ (п)остана „КОД 369“ кој уште на почеток повикува – „Остани до крај“ (Лирик Видео)

КОД 369 се македонски бенд од Битола формирани во 2020 година. Бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури).

КОД 369 се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски). Во музиката на КОД 369 се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации кои проткајуваат во препознатливата рок основа и влијанија на современата музика од доменот на поп и рок.

Нивната музичка мисла секогаш се наоѓа на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, задржувајки ја свежината, слободата и авангардните идеи на првата категорија и прифатливоста на втората. Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човекови и книжевни вредности, љубовта како движечка сила и моќта на индивидуата како двигател кон своето најдобро јас.

Албумот Stages of Love е првиот албум кој го создадоа и снимија како КОД 369. Првиот сингл со наслов „Остани до крај“ е истовремено амбиентален и подвижен, искажувајки ги турбуленциите на емоциите. Стиховите се стремат да ja величаат љубовта на долги патеки.

Слушнете ја дебитантската „Остани до крај“, проследена со лирик видео на бендот: