Мегафон

Од 13-ти до 16-ти октомври: Skopje Jazz Festival 2022

Од 13-ти до 16-ти октомври: Skopje Jazz Festival 2022

Четириесет и првото издание на Скопскиот џез фестивал, годинава ќе се одржи од 13-ти до 16-ти октомври, а ќе понуди 10 концертни настапи и еден документарен филм. Фестивалот годинава е сочинет од извонредно силна програма, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

На отворањето на 13-ти октомври во МОБ, 20:00 ќе настапат Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra, а истата вечер во МКЦ, од 23:00 сцената е резервирана за Zulu 3.4.

На 14-ти октомври во МОБ, 20:00 часот се Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane, додека во МКЦ, во терминот од 23:00 часот е настапот на Abacaxi и на Taxi Consilium

Третата вечер е настапот на Amaro Freitas Trio и Goran Kajfeš Subtropic Arkestra. Во МКЦ, пак, од 24:00 е бастапот на New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara). Последната вечер на 16-ти октомври на програмата е Thumbscrew и Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr.

Во програмата плус на 12-ти октомври во МКЦ “Кино Фросина”, ќе биде прикажан документарниот филм Summer Of Soul.

Билетите за фестивалот се веќе достапни на билетарниците на МОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс.

Останати вести од Мегафон