Мегафон
џез

Од 1-ви до 3-ти јули во Битола: Џез фестивал „Jazz Factory“

Од 1-ви до 3-ти јули во Битола:  Џез фестивал „Jazz Factory“

Од 1-ви до 3-ти јули, Битола ќе биде домаќин на четвртото издание на фестивалот „Џез фактори“ (Jazz Factory). Главната програма ќе се одвива во Народниот Тетатар, а дел од оф-програмата во кафе-барот Порта џез. 

И оваа година фестивалот во Битола носи реномирани имиња на џез сценатаод регионот и светотФестивалот го отвора настапот на Васил ХаџимановМартин ЃаконовскиАлександар СекуловскиПрограмата продолжува наредниот ден со настапот на Пеџа Милутиновиќ и „Drumbooty“ квинтет, а на третиот ден настапуваат „Human touch“ и Филип Динев трио. 

Како дел од годинешната програма  хибридната конференција на која ќе зборуваатВинко Михајловиќ – директор на џез фестивалот во ПетровацДраган Влајниќ – директор на џез фестивалот во КикиндаЕма Попивода – пијанист и директор на фестивалот „Модоарс“Бојан Стефковски – директор на „Jazz Fortnight“ фестивалот, Арлет Ховинга – џез прес промотер и медиумски директор на thatjazzgirl.me, Симон Петерман – музички директор и радио презентер , Роби Јамник – директор на  фестивалот „Џез Равне“. Изложба ќе има и фотографката Татјана Ранташа, а во „Порта џез“ со свој диџеј сет ќе се претстави Јордан Николов.  

Освен музичкото задоволство кое ги очекува битолчанисо овој фестивал под раководство на реномираниот професор и
музичар Сашо Поповскигодинава повторно ќе биде доделена наградата на најдобар млад музичар за 2020 година,
насловена по познатиот битолски музичар Гоце Димитровскикој остави неизбришливи музичкитраги во текот на својот живот.