Радио Милева
мерак (не само) за очи...

Очи в очи со Адријана Кеш: Додека „очите зборуваат“, хормоните и адреналинот, заеднички „збудалуваат“! (ФОТО)

Очи в очи со Адријана Кеш: Додека „очите зборуваат“, хормоните и адреналинот, заеднички „збудалуваат“! (ФОТО)

Фолк пејачката Адријана Ацевска  попозната како Адријана Кеш не е од оние јавни личности кои постојано бомбардираат со објави на социјалните мрежи, но кога го прави тоа е толку впечатливо, што го надополнува времето кога ја нема.

Атрактивна, стројна, телесно надарена, со раскошни телесни квалитети и бујни атрибути, Адријана кога ќе сподели фотографија, дава се’ од себе за да го истакне најдоброто на себе.

Она што мајката природа го дала, естетската хирургија го надградила, а козметиката го „исполирала“, се разабира, па со текот на годините Адријана кеш станува се посексапилна и попривлечна, поатрактивна и попровокативна, речиси неодолива… Особено за „гладните“ машките погледи!

А кога сме веже кај погледите ме само атрибутите на фолкерката се нејзиниот најсилен адут. Напротив, убавото лице на кое доминираат крупните сино-зеленкасти очи и влажниот поглед на срна ја прават фолкерката магнет за машките очи уште на прв поглед!

Убавата фолкерка долго време е во шоубизнисот и како искусна во работата, добро си го знае редот дека треба да понуди и мерак за очи, а не само за уши, но при тоа погледот е првото нешто кое привлекува. Не попусто се вели: „Пушти очите нека говорат“, ама кога ќе се најдете „очи в очи“ со вакви како нејзините, говрот најчесто занемува! Зборовите исчезнуваат, ама затоа очите почнуваат „магично да зборуваат“… Барем нејзините, како што самата фолк дама напишала покрај последната споделена фотографија:

„Моите очи се омилениот дел од мене, но не како изгледаат, туку како гледаат“.

Како гледаат нејзините, само фолкерката знае, ама како ја гледаат сите останати, особено оние на вистинските мажи, можете само да претпоставите! А како и поинаку би гледале, кога и покрај вакви очи какви што има Адријана Кеш, впечатокот од бујните атрибути е толку силен, впечатлив и свеж, што тешко дека некој може да ја гледа в очи и да одолее  погледот да не му падне… малку подолу!

Зашто погледот е можеби тој што привлекува, мами, милува и гали, ама телесниот раскош е она што најмногу предизвикува и пали! А кај Адријана – машала, отсекогаш го имало доволно, па дури и вишок, она што на прва „крева“… притисок!

Затоа кога погледите макар и случано ќе ви се сретнат, има нешто што ве „кочи“ Адријана Кеш долго да ја гледате само в очи! Без оглед нејзините колку убаво и да изгледаат или како тие тебе те гледаат!

Впрочем неретко се случува додека „очите зборуваат“, хормоните и адреналинот, заеднички „да збудалуваат“! А естрогенот и тестостеронот… да го „пробиваат“ плафонот!

Фото: Инстаграм принтскрин/adrijana.acevska

 

 

Останати вести од Радио Милева