Радио Милева

Обвинетиот за смртта на Шабан Шаулиќ беше пуштен на слобода, а сега му нема никаква трага!

Обвинетиот за смртта на Шабан Шаулиќ беше пуштен на слобода, а сега му нема никаква трага!
фото:шабан шаулиќ/инстаграм

Смртта на кралот на српската народна музика, Шабан Шаулиќ, во февруари минатата година ги растажи неговите фанови ширум светот.

Тој го загуби животот во сообраќајна несреќа додека со квалијатуристот Мирсад Кериќ (43) се враќале од настап. Во нивниот автомобил удри Турчинот Алсин Левент (36), кој според најновите информации исчезнал од градот каде живеел.

За сообраќајната несреќа се уште не е започнат судскиот процес, а медиумите пишуваат дека Левент кој е пуштен од притвор исчезнал од градот Гитерсло каде до неодамна и живеел.

фото:принтскрин/новости.рс

Обвинението против него е покренато во август, а покрај убиство од небрежност во два случаи, обвинет е и за нанесување на тешки повреди, загрозување на сообраќајот и возење без возачка дозвола. Пред да биде пуштен на слобода, тој помина 11 недели во притвор.

Германски Nw.de пренесува дека Левент не живее повеќе во Гитерсло. Ни неговиот адвокат не сака да обелодени каде се наоѓа клиентот, на кој како што тврди, во меѓувреме му биле испраќани бројни заканувачки по живот пораки.

-Според податоците кои ги утврди истрагата, Левент се товари за невнимателно возење кое усмрти две лица. Со оглед на тоа дека возел под дејство на алкохол нема сомнеж дека повторно ќе се најде зад решетки. Анализите од обдукцијата не укажуваат на тоа дека Шаулиќ, кој бил на совозачкото седиште, и Кериќ кој бил возач, не биле врзани со појас. Овој податок ќе биде исклучително важен во моментот на изрекување на пресудата за Левент, објавуваат германските медиуми.

Левент, според локалните медиуми, возел пијан и под дејство на дрога речиси двојно повеќе од максимално дозволената брзина.

Останати вести од Радио Милева