Радио Милева
жежок бакнеж

Обично ја чува приватноста, но сега направи исклучок: Пејачката Сања Вучиќ го покажа момчето кое и го освои срцето (фото)

Обично ја чува приватноста, но сега направи исклучок: Пејачката Сања Вучиќ го покажа момчето кое и го освои срцето (фото)

Пејачката Сања Вучиќ во последно време го привлекува се поголемото внимание на јавноста и поради распадот на групата „Хурикејн“ и поради нејзиното ново момче кое го криеше од јавноста.

Така таа е мистериозна во сите свои изјави изјавувајќи дека тој дел од животот ќе го задржи за себе, но и не може да ја сокрие среќата, па објавува заеднички фотографии.

Овој пат тоа Сања го направи на Инстаграм. На фотографијата се гледа како заљубено се гледаат, а овој момент е снимен непосредно пред нивниот бакнеж.

Да потсетиме, нејзиното ново момче е Ненад Цицмил, згоден дечко и сопственик на луксузен ноќен клуб во Србобран. Првите фотографии и видеа од овој пар беа споделени на социјалните мрежи на почетокот на овој месец, кога Ненад ја однесе Сања на свадбата на својот брат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad (@nenad__cicmil)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сања Вучиќ

Останати вести од Радио Милева