Живот и Стил

Новогодишни идеи за украсување со „орбез“ топчиња, декоративно и ново (видео)

Новогодишни идеи за украсување со „орбез“ топчиња, декоративно и ново (видео)

Иако до новогодишните и божиќни празници има повеќе од еден месец, идеите за украсување и декорации веќе може да се видат насекаде.

Особено, социјалните мрежи се преплавени со видеа од интересни и нови начини на украсување. Кај многумина привлекува внимание украсувањето со таканаречените „орбез“ топчиња.

Потребно е да земете повисока провидна вазна или сад кој мислите дека најдобро ќе ги одговара за тоа. Во топла вода ставете поголема количина провидни „орбез“ топчиња малку да пораснат. Во избраниот сад/вазна по ваша желба ставете новогодишни украси и најизменично додавајте од топчињата.

Бидете креативни, ставете мали елки, подароци, снегулки, лампиончиња, новогодишни бастучиња. Изборот е на вас.

Кога ќе ги ставите декоративните предмети и „орбез“ топчињата, вазната наполнете ја со вода. Одозгора може да ставите мали свеќи за дополнителен ефект.

Неколку примери и идеи може да погледнете во видеата во продолжение.

извор:курир.мк