Радио Милева
Неодлучни

Новиот потег на продукцијата изненади многумина: Вања Кнежевиќ не е целосно отстранета од „Ѕвездите на Гранд“

Новиот потег на продукцијата изненади многумина: Вања Кнежевиќ не е целосно отстранета од „Ѕвездите на Гранд“
фото:ѕвездите на гранд/инстаграм

Драмата што се одвиваше околу Вања Кнежевиќ, поранешниот натпреварувач на музичкото шоу за таленти „Ѕвездите на Гранд“, со денови е една од главните теми на социјалните мрежи и регионалните медиуми.

Да потсетиме, таа го обвини жирито за за психолошка злоупотреба откако беше објавена веста за нејзино дисквалификација од понатамошно натпреварување поради објавите на Инстаграм кои ги кршат правилата на ова шоу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VANJA KNEŽEVIĆ (@knezevicvanja)

Иако продукцијата објави дека е дисквалификувана, тие сепак не ја отпишаа целосно Вања.
Имено, во текот на денешниот ден на официјалниот YouTube канал на Гранд беше објавено видео од последниот настап на Кнежевиќ, кое секако е голема реклама за младата пејачка бидејќи станува збор за сметка што ја следат над милион корисници.

Покрај тоа, сега секој може да ги погледне коментарите на жирито во целост и да донесе своја проценка за целата оваа ситуација, што ја подели јавноста.

Останати вести од Радио Милева