Мегафон
промоција

Нови песни и гостин – изненадување: Некст Тајм со голема промоција на албумот „Мајка“

Нови песни и гостин – изненадување: Некст Тајм со голема промоција на албумот „Мајка“

По успешната промоција на нивниот најнов проект – „Кога падна на Пирина“, со кој ја воодушевија целата македонска публика, момците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин на 7-ми овој месец ќе го промовираат и својот албум.

Мајка“ е насловот на албумот на кој се наоаѓаат девет композиции, дел познати, дел не, а во него ќе има и една бонус трака за песната „Ја излези Ѓурѓо“, која што е во ново руво и во дует со популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Инаку овој албум е изработуван долг период под палката на композиторот Николче Мицевски, додека пак истиот е снимен и мастеризиран во „XL studio Momiroski“.

Како што кажавме, промоцијата е закажана за на 7-ми овој месец во хотелот „Мериот“, со почеток во 20 часот, а на неа се поканети сите оние кои ја сакаат и ја поддржуваат нивната музика.

Познатите близнаци ќе одржат и мини концертна изведба на албумот, односно ќе испеат дел од песните кои се наоѓаат на овој албум.

Албумот „Мајка“ ќе може да се купи само на промоцијата и ќе биде во лимитиран број.