Радио Милева
Авантура во Братислава

Нови искуства за спомени кои траат: Водителката Александра Илиевска заедно со сопругот и ќеркичката на незаборавен викенд (фото)

Нови искуства за спомени кои траат: Водителката Александра Илиевска заедно со сопругот и ќеркичката на незаборавен викенд (фото)

Познатата македонска водителка Александра Илиевска е жена која досега многупати кажала и покажала дека сака авантури со патување низ светот, особено на дестинации каде досега не била.

На едно такво патување беше викендов заедно со сопругот Александар и ќеркичката Сара.

Нивна дестинација беше Братислава од каде Александра објави неколку фотографии со опис во кој наведува дека најдобриот подарок што може да му се даде на едно дете е една таква животна авантура.

Не се сомневаме дека летањето со авион за малата Сара било вистинско доживување, а дополнително Словачка како земја која ја посетија за првпат.

Насмевките и задоволството беа евидентни на нивните лица, а веројатно и впечатоците кои ги раскажаа откако слетаа во Скопје.

Со полни батерии и позитивна енергија, Александра им посака добро утро на гледачите на утринскта програма, а веруваме дека со духот кој го носи и своите приоритети, многу наскоро ќе се одлучи за новата дестинација за авантура.

фото:Инстаграм/Александра Илиевска

Останати вести од Радио Милева