Новата песна на Слаткаристика „Money Маани“ како „soundtrack“ за филм (ВИДЕО)
20. октомври 2017. @ 13:12timelapse 4 мин.
Македонскиот Хип Хоп артист Слаткаристика кој продолжува да го освојува Бугарскиот музички пазар, деновиве го објави неговиот нов видео запис и песна со наслов “Money / Маани”.
Песната е Soundtrack, наменски изработена за потребите на “Привличане”/“Attraction“ – Бугарски, високо буџетен филм, во кој освен што ја направи носечко-музичката песна, нашиот Слаткаристика глуми и во неколку сцени од филмот.
Автор на музиката и текстот е Слаткаристика, а аранжманот е на Иван Јованов – Iwayo.
Видео спотот изобилува со сцени од филмот, а е изработен од режисерот кој се потпишува исто и на самиот филм- Мартин Макариев, познат по најдобрата ТВ Бугарска серија “Под Прикритие“.
Премиерата на филмот е закажана за февруари, 2018та година.Следен настап на Слаткаристика во соседна Бугарија е последниот концерт од големата “One Love“ турнеја, на 5ти ноември, во Софија, а почетокот на 2018-та ја започнува со концерти во Банско.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.