Радио Милева
штимунг за шампионот

Новак Ѓоковиќ победата на „Ролан Гарос“ ја славеше во својот ресторан со огномет, трубачи и Цеца: Фолк дивата со песна му ја увелича прославата на Ноле (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ победата на „Ролан Гарос“ ја славеше во својот ресторан со огномет, трубачи и Цеца: Фолк дивата со песна му ја увелича прославата на Ноле  (ФОТО)

Фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ пеела на прославата што Новак Ѓоковиќ ја организираше во Белград, по повод освојувањето на титулата на „Ролан Гарос“.

Имено, Новак ја славеше големата победа втора вечер по ред, а токму Цеца  му ја увеличала прославата на титулата.

Како што се очекуваше, најсреќни биле Ноле и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, кои танцувале цело време додека Цеца го пеела нејзиниот голем хит „Точно е“.


Ноле цело време ја гушкал својата сопруга, додека играа, а Филип Краиновиќ се веселел покрај Цеца.
Инаку, по завршувањето на турнирот, Новак одеднаш реши да го посети Белград, со цел да ја прослави титулата освоена на Ролан Гарос во неговиот ресторан со семејството, пријателите и соработниците.

Во ресторанот „Новак“  долго траела големата забава на  најдобриот тенисер на светот, а забавата, меѓу другото, била збогатена и со трубачи и огномет.

Биле присутни некои познати личности од естрадната сцена, а некаде кон крајот на забавата имало огномет и трубачи пред ресторанот. Тие со голем аплауз од присутните ја отсвиреле српската химна „Боже правде“, исто како и на крајот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Циципас во финалето на „Ролан Гарос“.

Останати вести од Радио Милева