Радио Милева
денот што го чекаме, цела година...

Ноне Неделковска славеше роденден откривајќи ја сопствената загатка за двата најважни дена во животот: Денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени (ФОТО+ВИДЕО)

Ноне Неделковска славеше роденден откривајќи ја сопствената загатка за двата најважни дена во животот: Денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени (ФОТО+ВИДЕО)

Ноне Неделковска работата на брод и дружбата со колегите и пријателите од сите краеви на светот за момент ја остави, бидејќи „најшетаната велешанка“ однеодамна повторно е дома. Паузата до новите прекуморски патешествија максимално ја користи да се види и дружи и со другарките и пријателите во родниот Велес, но и со оние ширум Македонија, како што беше случајот кога Ноне неодамна беше „главна ѕведа“ во публиката на скопскиот плоштад „Макдонија“ додека се одржуваше една од музичките вечери на последниот „Пиволенд“.

Сега, за нејзина среќа но и уште поголема радост на нејзините најблиски и пријатели, роденденот, 28 септември 2002-ра, Ноне ја затекна дома. Иако не ги крие, на дамите сепак не им се бројат годините, ама затоа им се бројат честитките. А нив ги имаше толку многу што не можеше да ги собере на неколку страници од нејзините профили на социјалните мрежи, па затоа Ноне на сите им се заблагодари со построденденско селфи во огледало и два-три убави збора.

 

Сите подеднакво драги, но најдрага меѓу драгите, нормално роденденската честитка од мама Мимоза!

Со долга црвенкасто обоена коса, дискретна шминка, облечена ултрамодерно во дводелно комплетче во зелена комбинација од панталони и кошула со длабоко деколте, во кое кај Ноне вообичаено има што да се види, некогашната македонска пејачка блескаша за „денот што го чекаме цела година“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

Иако не е оддамна тинејџерка, македонската „џепна венера“ се’ уште изгледакако слатка, малечка кукличка… Впрочем, многумина забележаа дека со годините таа изгледа се’ поубаво. Времето за неа не да застанало, туку како да се враќа наназад, па на нејзиниот годинешен „едикојси“ роденден, Ноне изгледаше како убавица од бајките.

Се разбира роденденот не се слави без роденденската торта, истото така мала и слатка како неа, на која  славеничката ја дувна свеќичката, па покрај споделените фотографии и видеоклипче, Ноне напиша:

„ Двата најважни денови во вашиот живот се денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени“!  Ете така, „лесно е ко 2 и 2“… Денот кога сте родени на сите ваши најблиски им е познат, а оној вториот… За него сепак ќе морате „да најдете малку време“ и да се потрудите сами да откриете, прашувајќи се: „Зошто баш ти?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

Уште еднаш… Среќен роденден и од нас Ноне!

Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska

 

Останати вести од Радио Милева