Радио Милева
Секој по својот пат

Ниту тој не чекаше: Екс-момчето на Анастасија Ражнатовиќ изненади со изборот на нова девојка (фото)

Ниту тој не чекаше: Екс-момчето на Анастасија Ражнатовиќ изненади со изборот на нова девојка (фото)

Кога јавноста дозна дека набргу по пропаѓањето на нивната петгодишна врска, Анастасија Ражнатовиќ си најде нова љубов, сите чекаа да се огласи нејзиниот поранешен. Меѓутоа, на Ѓоле изгледа не му било грижа за новите настани во животот на неговата поранешна љубов. Имено, тој веќе бил заљубен во друга.

Новата девојка на Ѓорѓе Куљиќ е актуелна веќе некое време, иако изгледа дека богатиот новосадски бизнисмен досега успешно ја криел од јавноста. Сепак, никого не изненади тоа што бившиот дечко на ќерката на Цеца е повторно вљубен. Она што ја шокираше јавноста е фактот што неговиот емотивен избор овој пат падна на сестрата на многу блиската пријателка на Анастасија.

Новата девојка на Ѓорѓе Куљиќ е атрактивната Мила Радојевиќ за која многумина велат дека изгледа неверојатно слично на Анастасија. Зеленооката бринета со Ѓоле за прв пат се појави на „Србија опен“, а сега таа врска стана и официјална.

Што мисли Анастасија за новиот избор на нејзиното поранешно момче се уште е непознато.

фото:Инстаграм/АТА Имиџис

Останати вести од Радио Милева