Живот и Стил

Ниту подбрадокот повеќе не е проблем: три шминкерски трикови кои ефикасно ќе го сокријат

Ниту подбрадокот повеќе не е проблем: три шминкерски трикови кои ефикасно ќе го сокријат

На жените им пречи подбрадокот бидејќи визуелно додава години.

Овој естетски проблем е можно да се реши со намалување на исхраната и вежбање, но за трајни решенија треба да помине повеќе време.

За среќа, професионалните шминкери открија инстант методи, што значи дека со само неколку подготовки можете ефикасно да ја неутрализирате оваа појава, доколку токму таа ви предизвикува несигурност.

Истакнете ги очите

Понекогаш е најдобро да го насочите фокусот на луѓето кои ве гледаат кон нешто што всушност сакате да го забележат. Очите, се разбира, се идеални за тоа. Постојат бројни техники кои создаваат неверојатен визуелен ефект; Smoky eyes, графички eyeliner, foxy, сирена очи… За сите овие техники ви требаат само неколку обични производи кои веројатно веќе ги имате во комплетот.

Доколку не сте љубители на потешка шминка или немате премногу време за тоа, маскарата во боја ќе заврши доволно добра работа.

Контурирање со бронзер

Ако се обидувате да ја скриете брадата, играта на светлина и сенка е идеална алатка за тоа. Се што ви треба е квалитетна четка за контурирање и добра бронзерска пудра.

Треба да нанесете бронзер на оние делови од лицето што сакате да ги сокриете. Од друга страна, деловите од лицето кои сакате да ги нагласите треба да останат посветли.

За почеток, користете кружни движења за да ги затемните јаготките (линијата од увото до аглите на усните). Лицето така веднаш ќе изгледа поиздолжено. Истакнатите јаготки го префрлаат фокусот на пределот околу очите и го одвлекуваат вниманието од линијата на вилицата.

Посветла пудра

Со посветла нијанса на пудра, можете да ја истакнете областа под очите, центарот на челото и областа под јаготките. Овој препарат и споменатата техника ќе ви овозможат и да го прикриете вишокот во долната третина од лицето и да и дадете дефиниција на долната половина.