Ништо лично
ништо лично

Зоран Заев бетер од Боки 13: Се појави во кошула од 200 евра, колку што е платата во Македонија на оние што цел месец шијат кошули за тие пари! (ФОТО)

Зоран Заев бетер од Боки 13: Се појави во кошула од 200 евра, колку што е платата во Македонија на оние што цел месец шијат кошули за тие пари!  (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев,заедно со министерот Горан Сугарески и останатата свита  беше на увид на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола. При изјавата за медиумите камерите регистрираа две нешта.

Прво Заев ги измеша брзините, па по навика да ги „прекрстува“ нештата,  Пелагонија ја нарече Полог. Нема врска, познато е дека нему ионака му е сеедно, кое нешто како се вика! Ама затоа на Зоки не му е сеедно како се носи, па макар и „за во нива“, каде минува голем дел од трасата на гасоводот.

Променет во кошула што чини колку една македонска минимална плата, евидентно е дека муртинскиот кицош не штеди кога е модата во прашање. Покажа дека фрла пара на брендирани парчиња бетер од Боки 13!  Што се 200 евра за премиерот? Од таа цена, па нагоре чини скапото парче облека од марката „Хекет – Астон Мартин рејсинг“  – небесно синото кошулче што Заев онака лефтерно денес го носеше на себе. Колку што е и платата на оние во Македонија, што цел месец шијат кошули за тие пари!

Па кој 200 евра за едно перење, кој 200 евра за… цел месец!  Заев во „лимитид едишн“ кошула, народот со „лимитид минималец“ во џебот!