Ништо лично
живот кучешки...

Скенирајте фискални, лечете деца со пораки, а кај Заеви, ни кучињата не живеат живот кучешки: Кучето на Ева Заева за роденден си доби Моет (ФОТО)

Скенирајте фискални, лечете деца со пораки, а кај Заеви, ни кучињата не живеат живот кучешки: Кучето на Ева Заева за роденден си доби Моет (ФОТО)

„Моет за роденден на песот. Скенирајте вие фискални за 800 денара и лечете дечиња по смс ако немате попаметна работа…“.

Ваква порака осамна покрај фотографијата која се најде на социјалните мрежи на која се гледа како едно од кучињата на Ева Заева, ќерката на Вице, братот на Зоран Заев, оди во луксуз до перверзии, честејќи го песот за роденден со скапото шампањско „Моет“!

Фотографијата од приказните на Инстаграм на Ева – внуката на Зоран Заев, само ја надополни лепезата фотографии на младата раскалашена дама од серијалот со нејзините куќни љубимци.

Имено таа на својот Инстаграм на сите им посака да бидат среќни во 2020 како неа,  додека ги гушка своите кучиња дотерани во новогодишна дедомарзовска руба, со очила на муцките, па дури и рачни часовници на шепите!

Веројатно за да не го изгубат чувството за реалноста и времето… како Заеви, кои очигледно толку се „нафатираа“ што кај нив ни кучињата не можат да се пожалат дека живеат живот… кучешки! За разлика од народот македонски, последниве 4 години!

 

View this post on Instagram

 

I wish everyone in the 2020s be as happy as me cuddling these dogs ?❤️

A post shared by Eva Zaeva (@evazaeva) on

Останати вести од Ништо лично