Ништо лично
ништо лично

Што ти е македонски менталитет…

Што ти е македонски менталитет…

Што ти е менталитет… По дефиниција е збир на душевни особини и склоности на еден човек или на определена човечка заедница. И секоја нација има свој менталитет. Овој нашиов, на нациите на Балканот е до душа, многу сличен… Македонскиот менталитет сепак има свои специфики. Не дека соседиве и тие отаде нив се којзнае колку поинакви, ама сепак… Нашиот менталитет си има свој „трејд марк“!

Кој не верува – брзо ќе се увери, впрочем, ајде да ве потсетиме на некои работи, па кажете дека не е така?!

  1. Има тетоважи – наркоман
  2. Има долга коса – секташ или металец
  3. Има убав автомобил – син на политичар
  4. Има убава девојка – син на олигарх
  5. Оди во теретана – мускули без мозок
  6. Метросексуалец – педерче
  7. Има државна работа – партиски војник
  8. Академски образован – купил диплома
  9. Се жени – сигурно е трудна
  10. Има свој бизнис  – лопов
  11. Убаво дотерана – спонзоруша
  12. Боем – пијандура
  13. Уметник – забеган
  14. Спортист – глуп за се’ друго
  15. Чува миленичиња – анима дунда
  16. Разведена – ку*ва
  17. Ја сака – лигуш – папучар
  18. Го сака – глупача
  19. Хармоничен брак – глумат лудило
  20. Домазет – слика без глас
  21. Повеќедетно семејство – којзнае чии се
  22. Нема деца – издрн’дана
  23. Од внатрешноста успеал/а во Скопје – сељак/сељанка без скрупули
  24. Невработен – неспособен
  25. Повратник од странство – и од таму го избркале
  26. Ја унапредиле – изгледа добро „пуши“
  27. Го унапредиле – цинкарош – доушник

И така низата оди… до бескрај! Проблемот е само што кругот е малечок, а во него сме… сите!