Ништо лично

Проект (за) среќа: Заеви и Чифлиганци се… „производ од количник“!

Проект (за) среќа: Заеви и Чифлиганци се… „производ од количник“!

Внуката на премиерот и синот на градежниот олигарх… Македонска љубовна бајка. Ромео и Јулија од  македонскиот југоисток… Или од „северномакедонскиот“, ќе да беше, според нив?

Како и да е, не е тајна дека  Ева Заева и Душко Чифлиганец се едни од најбогатите деца во љубовна врска во, се’ уште, Република Македонија. Таа ќерка на Вице – то, братот на премиерот Зоран Заев, тој син на градежниот олигарх Ванчо Чифлиганец.

Парата на пара оди или љубовта на прв поглед се раѓа?  Особено, ако погледот ти е постојано вперен кон парите… и кон оние околу тебе, што имаат пари колку и ти, а и многу повеќе од тоа! Ама така е тоа во светот, така е  очигледно и кај нас. И не е важно, важно е да се множи…  За сите нас, важно е да се множи нацијата македонска, за нив и таа, ама и личниот капитал.

Оти количникот и производот се „брат и сестра“- математички прецизно кажано, што би рекле некои!  Зашто без делење, нема множење… Без да ја поделите љубовта и интимата со некого, не се множи нацијата… А со неа и капиталот! Затоа Заеви и Чифлиганци се „производ од количник“!  Децата им ја делат љубовта, па им го размножуваат капиталот! И ако, нека е… Среќа никогаш доста, зашто среќата никогаш не е доволна…

Впрочем: „Среќата е ново богатство“, нели?  Богат си ако си среќен… Или среќен си ако си богат? Ама, среќа ли е ако си богат, а мнозинството околу тебе е несреќно и сиромашно? Или твојата среќа завршува како и богатството – во семејниот круг?  Happy is the new rich… Особено ако ја славиш со шампањско. Арно ама, не ретко… The rich is a bitch!