Ништо лично
ништо лично

Предлог со упат до Фондот за иновации: Идеи за следната тура!

Предлог со упат до Фондот за иновации: Идеи за следната тура!

Фондот за иновации си ја заврши работата… за своите, секако. Кој добил пари – добил, кој не-негов проблем! Повеќе среќа следниот пат! Ако воопшто можеш да дојдеш на ред на бесконечно долгиот список на оние што измислиле „топла вода во бојлер“! А фондот Бога ми добро ги плаќа. Мрсни пари за нов вкус на водата, како без алоје вера до сега да не ја пиевме, за нова амбалажа, као до сега да ја пиевме од фишек од хартија, или нова етикета… Светлечка ли ќе биде оваа, кој знае?  И да… Кој нема своја фирма, нека побрза да отвори дур е време. Ако не знаете како тоа се прави во „5 до 12“ пред да истече рокот за аплицирање, обратете се кај снајката на Цветанка. Таа ја има „оваа иновација“. Претходно, побарајте ја свекрвата… за совет! Културен! Како до членска СДС книшка во „6 до 12“! Минута пред во „5 до 12“ да помислите да аплицирате на конкурсот на Фондот!

Кај Кочо немојте да одите… И кај Хари – исто така! Никако. Тие се на два ума! Може да ви се случи и да добиете, а после тоа да се попишманат! Или да ве попишманат, па да морате да враќате пари! И уште зијан да бидете, оти претходно веќе сте честеле половина фамилија, роднини, другари, пријатели, комшии…!

Затоа најдобро е да дојдете некако директно до директорот на Фондот… и најсигурно! Кај него добиваш од прва рака! И информација и грант! А што ако немаш вистинска идеја? Нема проблем! Па кај нив тоа оди најлесно! И најмалку е важно! Најважно е да имаш добра препорака… Многу поважно!

А идеи, такви и подобри од оние на кои со наши пари на нивни луѓе им даваат грантови, колку сакаш. Еве, колку за пример, ќе ви предложиме неколку такви низ фотографии и појаснување:

1. Леб за сите: Ем сите најадени, ем ништо не се фрла! И папагалот сит и домаќинот среќен!

2. Апарат за во собраниско бифе: Кога еднаш ќе се попариш на млекото, за да не дуваш и на супата… пред да излезеш на говорница!

3. За поздрав и побогат живот: Она ти пуши, ти и пушиш… а двајцата штедите!

4.  Владина поддршка на „заедниците“: ЛГБТ подарок за љубопитни „виножитни“: Ем да му биде топло, ем да видиш како на партнерот би му стоела брада… горе!

5. Три у едно: Работа, забава, превоз… Македонски владин концепт за развој на текстилната индустрија! Особено погоден за во првата тура „обесправени партнери“ на човекот  задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

6.  Колан за пратеници. Кило горе – сантим доле, 10% минус… Како покажува сантиметарот, така им кинеш од дневници и патни трошоци. Ефекасност 100%. Талат гарант би ги набавил… да нема „конфликт на интереси“ со аплицирањето во Фондот!

7. Не само за трето дете… како овие од претходната влада! За секое ново, непроодено дете… што лази! Ем, облеката помалку се лиже па подолго трае, ем подот секогаш изгланцан и чист, ем вредната домаќинка и посветена мајка – одморна! Социјална правда за целото семејство! Царовска? Пардон, царски, нели?

8. И нашата препорака на денот, за новата, следна тура грантови од  државни пари: Ем овчарот безбеден, ем овците на број!  За сигурно музење… на долги стази!

П.С. Со мала напомена: Овој иновативен изум комисијата пред да го одобри грантот, ќе мора и лично да го тестира.. во кафезот! По можност на новиот автопат Демир Капија – Смоквица, вклучувајќи го и „Чочек тунелот“.