Ништо лично

Пакт со ѓаволот

Пакт со ѓаволот

Еднаш даден га*от под кирија, цел живот ќе мора да прима… кираџии!

Заеб… И тоа голем заеб е сето ова што ни се случува… Од името, кое ако народот каже – ДА, никогаш повеќе нема да ни биде исто доколку  се согласиме ни биде ова што ни го дадоа, преку националноста, па се до сето останато што не го кажуваа(т), а од ден на ден, полека, едно по едно го откриваме како скриено во потпишаниот „пакт со ѓаволот“!

Арно ама, како што е редот, кој сади „тикви со ѓаволот“, истите од глава му се кршат… Засега само тиквите, а  како стојат работите, „волшебниците“ од ЕУ и САД  со своето „магично стапче“ тиквите со еден потег многу бргу ќе ги претворат во бетонски плочи. А кога таква ќе ти падне на глава… Ама што дека, кога заебот ќе остане… Или можеби нема?

Како тргнале „заебантите“ на Македонскиот народ, први останаа „поднасмеани“ и со подзината уста. Брисел, во кого толку многу се крстеа, прв им го плесна в лице. Наместо „амин“ и „бујрум“ покана, добија покана да исполнат четири нови услови. А колку се кадарни и способни,  да ни пишат кога ќе успеат „да ја напишат“ зададената домашна задача. Зашто ем не е нималку лесна, ем „заебантите“ толку ги бива, ем и да почнат сериозно да се зафатат со од нив побараните реформи ќе им треба еден век!

Патем, работите во судството и јавната администрација се толку заплеткани и замрсени, што и да сакаат да почнат да го отплеткуваат гордиевиот јазол кој самите го врзаа, нема да можат ниту со меч да го пресечат. Зашто штом и ќе помислат да се фатат за мечот, сабјата ќе им ја скрати главата. Аждајата што самите ја хранеа ќе се почувствува загрозена, па за час ќе ги проголта. Арно ама сега нема назад. Еднаш даден газот под кирија, цел живот ќе мора да прима… кираџии! И сега „заебантите“ за да се извадат од „заебанцијата“ во која самите влетаа, „автоголот“  го слават како постигнат гол! Тоа што е во сопствената мрежа, треба да се премолчи!

Отсуството на реформи, корупцијата во власта, лошото судство и на сето тоа сменетото име и идентитет, наместо како трагедија, „заебантите“ го прикажуваат како успех! Замислете, одлуката на ЕУ  била мотивирачка за Македонија, а тие среќни?! – како што ќе изјави главниот „заебант“, господинот Заеб! Ај што не лаже, не лаже – не ни е криво зашто не му е ни прв ни последен пат, ама криво ни е што мисли дека му веруваме? Па, прашање е дали нему и сопствените деца ќе му поверуваат, откако во нив се колнеше, а потоа испадна дека ниту една заклетва нему не му е света?

Летото бргу ќе мине. Се ближи септември… Референдумот е шансата и за нас и за нив! Ние да му покажме конечно на светот дека Македонскиот народ не се согласува со нивните „курташаци“, аминувани и прифатени од мала група домашни „заебанти“, а и шанса за истите тие „заебанти“ кои тешко дека ќе се покајат, народот да ги „избави од гревовите“ со едно големо референдумско НЕ – за промена на уставното име на државата!

Само се плашам дека тогаш оние со магичното стапче,  „тиквите“ што нашиве „заебанти“ ги садеа со нив, за миг ќе им ги претворат во бетонски плочи! Море во мермерни!