Ништо лично
ништо лично

„Охридско лето“ ретерираше, директорката се премисли, па се огласи: „Јоксимовиќ нема да пее“… Но, дали сепак не е потпишан договор, а парите не му се веќе уплатени?

„Охридско лето“ ретерираше, директорката се премисли, па се огласи:  „Јоксимовиќ нема да пее“… Но, дали сепак не е потпишан договор, а парите не му се веќе уплатени?

Најреномираниот македонски летен културен фестивал „Охридско лето“ наместо да биде круна во културата како што отсекогаш бил и како што му доликува, за жал се претвора во „збиралиште на изгубени души на селски панаѓур“. Или за малку ќе беше, јавноста да не реагираше.

Најновите случувања по познатиот принцип на Зоран Заев, лидерот на партијата на власт – СДСМ: Денес кажувам едно, утре кажувам друго, а вчера кажаното… пу, пу  не важи,  како да станаа „темелна вредност“ и стил на однесување, кои властодршците ги пренесоа и во културата, односно фестивалот „Охридско лето“.

Имено, откако јавноста експлодираше по веста која и самото раководство на чело со директорката на фестивалот, Наташа Поповиќ, завчера, 08.07.20202 за неколку македонски медиуми потврдиле дека српскиот поп-фолк пејач Жељко Јоксимовиќ ќе настапи на 7-ми август на  „Охридско лето 2020“  во Античкиот театар во Охрид, вчера, 09.07.2020 го повлече кажаниот збор, ја смени изјавата, ретерираше во одлуката… И таа и фестивалот, се појавија со ново соопштение: Јоксимовиќ сепак, нема да пее!

Наводно, според директорката Наташа Поповиќ, Жељко Јоксимовиќ нема да настапи на фестивалот и со него не бил потпишан договор, туку биле направени само првични договори.

„Настапот на Жељко Јоксимовиќ кој деновиве предизвика низа реакции во јавноста беше дел од работната верзија на програмата на Охридско лето. Како Национална установа официјалната програма ја соопштуваме на прес конференција која за јубилејното издание ќе ја одржиме деновиве. За жал нацрт верзијата, која напоменувам не е конечна, деновиве се најде на социјалните мрежи со што одредени личности ја злоупотребија искажувајќи револт и бес без притоа да пофалат или во најмала рака да напоменат дел од другите уметници кои се најдоа на истата работна верзија а се врвни уметнички имиња. Нема да судиме ниту да бараме причина зошто некој пред почетокот на ова јубилејно издание сакаше да ја омаловажи успешната традиција на највредниот фестивал кој го имаме.  Она што можам сега да го кажам е дека Жељко Јоксимовиќ нема да биде дел од програмата. Направени беа само првични преговори и не е потпишан договорот.

Повторувам, преговорите беа Јокcимовиќ да настапи во дополнителната програма, што фестивалот секоја година ја има покрај официјалната, во која се класичната музика и театарот. Што се однесува до бројните коментари кои ги преплавија социјалните мрежи деновиве, сметам дека она што за многумина овој концерт беше естрада е само нивно лично незадоволство. Концертот насловен како „Два света“ со симфониски оркестар од Белград, членови на белградската филхармонија, за познавачите на уметноста има вредност“ – се вели во делот од соопштението на директорката Поповиќ.

Изговорот блед, проѕирен, дури и смешен, како да им се обраќа на мали деца од предучилишна возраст, а не на македонската јавност и медиумите. Партем, прилично дрско и недолично по принципот: нападот е најдобра одбрана, ги напаѓа сите оние кои на социјалните мрежи според неа, во несудениот настап на Јоксимовиќ не ја препознале „вредноста на неговата уметност“ заради лично незадоволство?

Каква небулоза, ако се знае дека најгласни во реакциите беа токму естрадните уметници, меѓу кои повеќето се музички потковани, академски обвразовани токму на тоа поле, а некои од нив се класични уметници вработени во Македонската филхармонуија или МОБ, па дури и професори по музика на некои од високообразовните институции (факултетим, академии) во земјава!  И види сега, според директорката Поповиќ, тие не знаат да ја препознаат уметноста во програмата на српскиот забавувач, за разлика од неа и нејзината фестивалско-селекторска свита!?

Од друга страна, откако јавноста ги фати „со спуштени гаќи“ како на мала врата сакаат да протуркаат нешто, на што не му е местото таму каде што сакаа(т) да го пикнат, сега ги мијат рацете со „нацрт верзија, предлог идеја, дополнителна програма, првични преговори, …“ и слични смешни изговори, кои навистина и би биле комични да, не се трагични!

Во меѓувреме, во јавноста веќе протече уште една, до душа, се’ уште непотврдена информација, па затоа засега ќе ја третираме на ниво на шпекулација, но така беше и кога прв пат се „шушкаше“ дека Жељко Јоксимовиќ ќе пее на „Охридско лето“, па излезе дека било вистина… Или за малку ќе беше, јавноста да не ја осуетеше!

Имено, и покрај тврдењата на директорката на „Фестивало Охридско Лето“ дека со српскиот естраден пејач биле направени само првични преговори и не било ништо конкретно договорено, односно, не бил потпишан договор за негов настап, во јавноста протече информацијата дека Договор помеѓи фестивалот и естрадниот уметник сепак – ИМА! И не само тоа, туку и дека веќе му е исплатена, според едни целата сума, според други, добар дел од неа, како неповратен капар!

Дали оваа информација е вистинита или само шпекулација,  останува на надлежните органи и институции, да си ја испитаат работата на фестивалот и раководството на оваа македонска национална установа!  До тогаш, јавноста ја чека официјалната годинешна програма!

Фото: ФОЛ лого принтскрин/ Јутјуб и Инстаграм принтскрин/zzeljko