Ништо лично
ништо лично

Македонскиот народ го возврати предизвикот: Карлеуша ги поддржуваше „шарените“ протести, а народот сега вака побара „правда“ за неа! (ФОТО)

Македонскиот народ го возврати предизвикот: Карлеуша ги поддржуваше „шарените“ протести, а народот сега вака побара „правда“ за неа! (ФОТО)

Секс скандалот со прељубата и порно фотографиите на Јелена Карлеуша и босанскиот фудбалер Огњен Врањеш не стивнува. Секој нов ден излегува по некоја нова пикентарија од прељубничката афера на српската „скандал дама“, од која и медиумите, и народот помалку се презаситија, па наместо сериозно да ги сфаќаат новите детали, почнаа да прават шеги на сметка на „порно дивата“ на социјалните мрежи.

Но, ако малку го вратиме времето наназад, само за некоја година, во 2015-тата за време на таканаречената „шарена револуција“ и борба на поддржувачите на сегашната власт за пад на таканаречениот некогашен „режим“ на Груевски, можете да најдете дека српската „мала од скандала“ тогаш јавно, преку свои пораки на Фејсбук и Твитер ги поддржа бунтот и „шарените“ во име на целиот Македонски народ со зборовите:

„Поддршка на Македонскиот народ! Ви посакувам мирно и достоинствено да се изборите за подобро утре, браќа!“ – напиша Карлеуша, при тоа заборавајќи дека Македонскиот народ не се само „шарените“, невладините и сега владините… А, Македонскиот народ  подобро утре доби „мало сутра“ со катадневна „Камасутра“ – политичка секако, а оние што божем го уриваа „режимот“, станаа „режим наместо режимот“… или како што денес ги нарекуваат „хунта“!

Арно ама, Македонсакиот народ не е со кратко паметење, па дојде време да го „прифати предизвикот“ на фолк пејачката од пред некоја година и да и возврати со фотографија за „поддршка“… Па истата и ја испрати, преку социјалните мрежи, нудејќи доказ за „правда“ за Карлеуша!