Ништо лично

Кој „му го смести“ на Зоран Заев?

Кој „му го смести“ на Зоран Заев?

На нервозната реакција на Заев, се огласија сите. Од оние кои  се најдоа прозвани, преку оние кои таквиот начин на „прозивка“ на „несреќниот“ Заев се најдоа за повикани да го осудат, па се до оние на кои новиот „излив на глупост“ на премиерот им беше добредојден уште пожестоко да го распукаат!

Најмногубројни и најзабавни секако, коментарите, монтажите и видеоклипчињата на социјалните мрежи. Го решетаат сите, од твитерџиите и фејсбукџиите, преку инстаграмџиите и јутјуберите.

Уште претходно многумина неговото однесување го поистоветија со она на познатиот лик на директорот Среќко Шоиќ од легендарната комедија „Тесна кожа“. А како и не би, кога избра за први советници на водачот да му бидат комедијанти… И тоа по вокација!


На Заев од ден на ден, навистина кожата му станува се потесна и потесна, како и просторот за делување, ама за тоа сам си е виновен.

Како тргнал, многу бргу ќе дојде денот кога она што му го сместија, нему до вчера блиските, драги и обожувани „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“,  да го сместат на уште потесно… Таму каде што веќе се некои од нив!