Ништо лично
ништо лично...

Доскорешниот уметнички директор Орце Гелевски реагира: Годинешниов „Фолк фест Валандово“ е скандалозен уште пред и да почне!

Доскорешниот уметнички директор Орце Гелевски реагира: Годинешниов „Фолк фест Валандово“ е скандалозен уште пред и да почне!

Во пресрет на годинешното издание на  „Фолк фест Валандово 2018“, со своја реакција се јави долгогодишниот музички новинар, а последниве 15 години и уметнички директор на најреномираниот  фолк фестивал во Македонија, Орце Гелевски.

Видно револтиран од некои постапки и состојби кои, како што самиот вели во реакцијата, се случуваат уште  додека фестивалот е во фаза на подготовки, Гелевски реагира предупредувајќи дека на „Фолк фест Валандаво 2018“ веќе му се случува скандал, пред самиот фестивал и да започне. За што се работи, прочитајте во неговата писмена реакција во продолжение, која Ви ја нудиме во интегрална форма, онака, како што редакцијата на Вистина.мк ја доби од авторот.

ВО ПРЕСРЕТ НА ГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ НА ВАЛАНДОВСКИОТ ФЕСТИВАЛ, ВО НЕДОУМИЦА БЕВ ДАЛИ ДА ИЗЛЕЗАМ СО ОВОЈ ТЕКСТ, НО СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО НА ОВОЈ НАЈРЕНОМИРАН ФЕСТИВАЛ СУМ ПРИСУТЕН ТОЧНО  30 ГОДИНИ, СЕПАК ЧУСТВУВАМ ГОЛЕМА ПОТРЕБА ДА ГО НАПРАВАМ ОВА – ТОКМУ ОД ПРИЧИНИ ШТО МИСЛАМ ДЕКА СУМ ДАЛ БАРЕМ МАЛ ПРИДОНЕС ВО АФИРМАЦИЈАТА, ВО РАСТЕЊЕТО И ГРАДЕЊЕТО НА ОВАА ЗНАЧАЈНА КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА.         НАЈНАПРЕД ПРОФЕСИОНАЛНО КАКО МУЗИЧКИ НОВИНАР СО МОЕТО КОНТИНУИРАНО СЛЕДЕЊЕ, ВРШЕЊЕ НА ДИРЕКТНИ РАДИО ПРЕНОСИ, АФИРМАЦИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ ПРЕКУ БЕЗБРОЈ РАДИО И ТЕЛЕВИЗИСКИ  ЕМИСИИ, ПРЕКУ НЕПОВТОРЛИВИОТ * ФОЛК ХИТ НА ГОДИНАТА *, ПА СЕ ДО МОИТЕ УЧЕСТВА ВО ПОВЕЌЕ СЕЛЕКЦИОНИ КОМИСИИ НА ФЕСТИВАЛОТ, ВО СТРУЧНИ ЖИРИ КОМИСИИ, А ВО ПОСЛЕДНИТЕ 15 ГОДИНИ И ВО УЛОГА НА УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР НА ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО. ОВА САМО КАКО МАЛ ВОВЕД И ПОДАТОЦИ ЗА КОИ ВЕРУВАМ МНОГУМИНА И НЕ СЕ ЗАПОЗНАТИ.

ОКОЛУ ГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ, ПОСЛЕ СКРОМНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ШТО ГИ ДОБИВАМЕ, ОКОЛУ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ, БЕВ ПОТТИКНАТ ДА КАЖАМ НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ, ЗА ТОА ДЕКА СЕ НАЈВУВАШЕ ГОЛЕМ ПУБЛИЦИТЕТ, ВРАЌАЊЕ НА СЈАЈОТ НА ФЕСТИВАЛОТ, УЧЕСТВО НА НАЈЕМИНЕНТНИ, НАЈПОПУЛАРНИ ПЕЈАЧИ И РЕД ДРУГИ РАБОТИ, НО ЗА ЖАЛ ОД ОНА  МАЛКУ ШТО МОЖЕМЕ ДА  ЧУЕМЕ И ДА ДОБИЕМЕ ИНФОРМАЦИИ, ОД СЕТО ТОА – НИШТО ! НАПРОТИВ СО ВАКОВ НЕТРАНСПАРЕНТЕН НАЧИН ФЕСТИВАЛОТ СЕ ВРАЌА МНОГУ КОПЈА НАНАЗАД. И СЕ РАЗБИРА, ВООБИЧАЕНО КОГА ДОАЃА НОВА ГАРНИТУРА КАКО ОД НИВ ДА ЗАПОЧНУВА СЕ, СО НАЈАВИ ЗА СЕ И СЕШТО, А ЗАД СЕБЕ ТОКМУ ТИЕ НЕМААТ НАПРАВЕНО СКОРО НИШТО.  ТОЈ НАЈАВЕН ПУБЛИЦИТЕТ И ИНТЕРЕС ЗА ФЕСТИВАЛОТ СЕ ПОТВРДИ НА ПРВАТА – ОФИЦИЈАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА  ОДРЖАНА ПРЕД ЕДНА НЕДЕЛА, КОГА НА ИСТАТА ЗАМИСЛЕТЕ БЕА ПРИСУТНИ  2-3 НОВИНАРИ И НИТУ ЕДЕН ОД УЧЕСНИЦИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ. А КАКО СПОРЕДБА НА ПРЕТХОДНИТЕ ИЗДАНИЈА ИМАШЕ ОГРОМЕН ИНТЕРЕС И ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ЈАВНО ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА РЕДОСЛЕДОТ НА ПЕСНИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ.

А ОКОЛУ ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ОВАА ГАРНИТУРА – УШТЕ НЕШТО ! ДУРИ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ПРВ ПАТ БЕА ОБЈАВЕНИ ПЕСНИТЕ, ПЕЈАЧИТЕ И АВТОРИТЕ, ШТО ЗБОРУВА ЗА ТОА НА КАКОВ НАЧИН БИЛЕ ИЗБРАНИ ПЕСНИТЕ ЗА ГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ. КАКО СПОРЕДБА И ПОТСЕТУВАЊЕ, НА ПРЕТХОДНИТЕ ИЗДАНИЈА РАБОТЕШЕ СЕЛЕКЦИОНА КОМИСИЈА ОД  10 –ТИНА ЧЛЕНА  И ТОА СО ПРЕСТАВНИЦИ ОД СИТЕ РЕЛЕВАНТНИ ИНСТИТУЦИИ.

ОКОЛУ ПЕСНИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ

ОД ГОДИНАШНОТО ИЗДАНИЕ ЌЕ КОМЕНТИРАМЕ ПОСЛЕ ОДРЖУВАЊЕТО, НО ОКОЛУ НАЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО НА НАЈДОБРИТЕ И НАЈПОПЛАРНИТЕ ОЧИГЛЕДО Е ДЕКА ВЕТУВАЊЕТО ВООПШТО НЕ Е ОДРЖАНО – ГОЛЕМ БРОЈ НА НАШИ ЕМИНЕНТНИ, КВАЛИТЕТНИ ПЕЈАЧИ НЕ СЕ ПРИСУТНИ, А МНОГУ ОД НИВ ГО ОТКАЖАА УЧЕСТВОТО.  НО ЗАТОА ПАК НИВОТО НА ФЕСТИВАЛОТ ЌЕ СЕ ПОДИГНЕ СО УЧЕСТВО НА ГОСТИНКАТА ОД СОСЕДСТВОТО, КОЈА Е ВО ОСМАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ЖИВОТОТ. НА ОВОЈ НАЧИН ВООПШТО НЕ САКАМ ДА ГИ НЕГИРАМ НЕЈЗИНИТЕ ВРЕДНОСТИ, НО СЕКАКО ДЕКА НА НЕЈЗИНО МЕСТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПОКАНЕТ НЕКОЈ ОД НАШИТЕ ВРВНИ ИНТЕРПРЕТАТОРИ ! ДА ПОТСЕТАМ НА ВАЛАНДОВСКИОТ ФЕСТИВАЛ ДОСЕГА УЧЕСТВУВАА ПОВЕЌЕ ПЕЈАЧИ ОД СОСЕДСТВОТО, НО ТИЕ БЕА ВО ЗЕНИТОТ НА НИВНАТА НАЈГОЛЕМА ПОПУЛАРНОСТ ( АНА БЕКУТА, МИЛАН БАБИЌ, САМАТА МЕРИМА ЊЕГОМИР И ДРУГИ ) СО ШТО ДАВАА ПРИДОНЕС И ЗА ПОГОЛЕМ КВАЛИТЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ.

ВТОРО – ПОСТОЈАНО НАЈАВУВАА НОВА КОНЦЕПЦИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ, А ВАКВА КОНЦЕПЦИЈА ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ НАНАЗАД СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ – СО ТАА РАЗЛИКА ШТО ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ НА РЕВИЈАЛНАТА ВЕЧЕР БЕА ИЗВЕДУВАНИ ПЕСНИ ОД ПООДМИНАТИТЕ ГОДИНИ СО ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ – КОИ ОСТАВИЈА ТРАГА НА ОВОЈ ФЕСТИВАЛ, А БЕА ЗАСТАПЕНИ И ПЕЈАЧИ МАЛКУ ПОДЗАБОРАВЕНИ ( СЕЛИМОВА – ЖЕЛЧЕВСКИ, ЃОКО ДОНЧЕВ, АТИНА АПОСТОЛОВА И ДРУГИ) А УЧЕСТВУВАА И ПОВЕЌЕ МЛАДИ – КВАЛИТЕТНИ ПЕЈАЧИ СО ПЕСНИ ОД НАШИ ДОАЈЕНИ КОИ НЕ СЕ ПОВЕЌЕ СО НАС. А ОВААГОДИНА  СЛУШАМЕ ЌЕ БИДАТ ИЗВЕДЕНИ И ПЕСНИ КОИ НА ФЕСТИВАЛОТ БЕА ПРЕД  2-3 ГОДИНИ ! – КАКВА НЕЛОГИЧНОСТ !

А ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ И ЗА ОНА ШТО СМЕТАМ ДЕКА Е НАЈГОЛЕМ СРАМ, НЕОДГОВОРНОСТ, АЛЧНОСТ – КАКО ЛИ ДА ГО НАРЕЧАМ . НА ПРЕДМАЛКУ СПОМЕНАТАТА ПРЕС  КОНФЕРЕНЦИЈА  ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УМЕТНИЧКИОТ СОВЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ, СООПШТУВАЈКИ ГИ ПЕСНИТЕ, ПЕЈАЧИТЕ И АВТОРИТЕ БЕЗ НИКАКВА ДОБЛЕСТ, СРАМ, ОБРАЗ НА ТРПАТИ ГО СПОМЕНУВА СВОЕТО ИМЕ КАКО АВТОР НА АРАНЖМАНИ И УЧЕСНИК НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ОФИЦИЈАЛНИОТ ДЕЛ. КАКВА НЕОДГОВОРНОСТ И НЕПОТИЗАМ, НО ЗА ЖАЛ ОД САМИТЕ ДИРЕКТНИ УЧЕСНИЦИ ДОСЕГА НЕ СМЕ СЛУШНАЛЕ НИКАКВА РЕАКЦИЈА. ПОЗНАТО Е ОВОЈ ФЕСТИВАЛ Е СО НАТПРЕВАРУВАЧКИ КАРАКТЕР И СО ПАРИЧНИ НАГРАДИ И МОЖЕТЕ ДА ПРЕТПОСТАВИТЕ КОЈ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАГРАДАТА ЗА АРАНЖМАН ИЛИ НЕКОЈА ОД ТРИТЕ ПРВОНАГРАДЕНИ ПЕСНИ – И СЕТО ТОА ОРГАНИЗАТОРОТ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ОПРАВДУВААТ И ПОДРЖУВААТ КАКО СОСЕМА НОРМАЛНО, А ВЕТУВАА РЕАЛНОСТ И ОДГОВОРНОСТ.

И НА КРАЈОТ, АКО ИМА КРАЈ НА МНОГУБРОЈНИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ И НЕЛОГИЧНОСТИ, ЗАМИСЛЕТЕ НА ВТОРАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА ВЕЧЕР, ВО ПАУЗАТА ЌЕ НАСТАПИ ПОЗНАТАТА БОСАНСКА ПЕЈАЧКА ХАНКА ПАЛДУМ СО БОСАНСКИ ПЕСНИ И ПЕСНИ ОД НЕЈЗИНИОТ РЕПЕРТОАР. ДА НЕ БИДАМ ПОГРЕШНО СВАТЕН, ТОА СЕ ПРЕКРАСНИ ПЕСНИ КОИ СИТЕ НИЕ ВЕРУВАМ СО ЗАДОВОЛСТВО ГИ СЛУШАМЕ, НО ОВОЈ ПАТ ВООПШТО НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ И НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДЕЛ ОД ОВАА МАНИФЕСТАЦИЈА. ЗГОРА НА ТОА СЕКАКО ПРЕТПОСТАВУВАТЕ КОЛКАВ ХОНОРАР ТРЕБА ДА СЕ ИЗДВОИ ЗА НЕЈЗИНИОТ НАСТАП. ДАЛИ ТАКОВ ХОНОРАР ЌЕ СЕ ИЗДВОИ ЗА НЕКОЈ НАШ УМЕТНИК?

А СЕТО ОВА Е СО АМИН И ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА  Р.М.  И ОД СОВЕТНИКОТ ЗА КУЛТУРА ОД КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ НА Р.М.  КАКО Е МОЖНО НА МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ДА БИДЕ ПРОМОВИРАНА БОСАНСКА ПЕСНА. ТОКМУ УЛОГАТА И ЦЕЛТА НА ВАЛАНДОВСКИОТ ФЕСТИВАЛ Е НЕГУВАЊЕ НА НАШАТА ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА И НАДГРАДБА НА НОВАТА ПЕСНА ВО ФОЛКЛОРЕН ДУХ!

ВЕЌЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ СИТЕ НИЕ РЕАГИРАМЕ НА ОГРОМНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПЕСНИ И МУЗИКА ОД СОСЕДСТВОТО КОИ СЕ ПРОМОВИРААТ ПРЕКУ НАШИ НАЦИОНАЛНИ ТВ КУЌИ, НА БЕЗБРОЈНИТЕ НАСТАПИ И КОНЦЕРТИ НА ПЕЈАЧИ И НА ОГРОМНИТЕ ХОНОРАРИ КОИ МНОГУ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ГИ ОДВОЈУВАА ЗА УЧЕСТВО НА РАЗНОРАЗНИ МАНИФЕСТАЦИИ КАЈ НАС–И ЕВЕ ЗА ЖАЛ ВО СЕТО ТОА СЕ ВКЛОПУВА И ВАЛАНДОВСКИОТ ФЕСТИВАЛ.

ОВА Е СЕКАКО И ПОТЦЕНУВАЧКИ ОДНОС ОД СТРАНА НА ВАЛАНДОВСКИОТ ФЕСТИВАЛ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОН МНОГУ НАШИ РЕНОМИРАНИ И ПОТВРДЕНИ УМЕТНИЦИ КОИ СЕКАКО ТРЕБА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ОВОЈ РЕНОМИРАН ФЕСТИВАЛ И СЕТО ТОА ДА ПРЕСТАВУВА ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА И КУЛТУРА.