Ништо лично
ништо лично

До крајот на јануари требаше да се отвори автопатот Миладиновци – Штип, ама… се чека денот за чочек! (ФОТО)

До крајот на јануари требаше да се отвори автопатот Миладиновци – Штип, ама… се чека денот за чочек! (ФОТО)

Екс министерот за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски, преку својот Твитер профил ја праша Владата до каде се со отварањето на автопатот Миладиновци – Штип, за кој рекоа дека ќе биде пуштен во употреба до крајот на јануари.

 

„Бидејќи Владава работи на ‘’Facebook’’ објави и дојави, да ве потсетиме дека ветивте ќе го пуштите во употреба автопатот Миладиновци – Штип до крајот на месец јануари,дали утре да организираме плех музика? Или пак месец јануари за вас има повеќе дена во вашава Северна?“ – праша вчера Мисајловски.

 

Јануари помина, па и првиот ден од февруари, ни автопат, ни чочек уште не видовме…

„Уште не е дојден денот“ – рече некој. И не е далеку од вистината. 1- ви јануари за „севераанава“ навистина е несоодветен ден. Можеби го чекаат утрешниот… „2-ри февруари“!? Тогаш најдобро „се меша“… на Штипски чочек!