Ништо лично
ништо лично

Без кацига, на веспа без табличка, стои на зелено среде зебра и зборува на мобилен: „Ало Оливер, прием… Имате ли вие во МВР метла?“ (ФОТО)

Без кацига, на веспа без табличка, стои на зелено среде зебра и зборува на мобилен:  „Ало Оливер, прием… Имате ли вие во МВР метла?“ (ФОТО)

Бранот на „хигиенска чистка“ го зафати СДС, ама не и институциите на системот. Таму метлата се’ уште не заиграла. Ни во првите редови, уште помалку во пониските ешалони. А додека не се случи чистка, состојбата ќе си остане иста. Каква е, подобро да решат да направат „генералка“…. Море, „хемиско чистење“, зашто какви се’ типови храниме со наши пари во буџетот, многумина треба да завршат не надвор од институциите, туку во „Дрисла“!

Ниту МВР не е надвор од кажаното. Напротив, тие што треба да бидат пример за ред, поредок, безбедност и сообраќајна култура, се полни со примери како не треба.  Среќа секој од нас има мобилен, па камерата може да го регистрира секој „уличен шериф“ што се однесува како да е на „маалско родео“ по уличната инфраструктура, наместо да биде пример за сообраќајна култура.

Јавнал веспа без сообраќајна табличка, без заштитна кацига, стои на зелено на пешачки премин и среде зебра зборува на мобилен!

Па добро бе Оливер, вие во МВР или немате Интернет или немате метла? Ако го имате првото, прошетајте понекогаш по тоа социјалните мрежи за да си ја видите „сликата и прилика“ на дел од припадниците. Пример за тоа како не треба, за во учебниците! А ако немате метла, трк на пазарче да ја набавите под итно. Зашто ако продолжите „да мижите“ на ваквите примери, утре заради нив, токму Вас ќе ве „изметат“ и од министерското место!  Само се’ се плашам, дека не една, туку тендер за метли да не треба да распишете?