Ништо лично
ништо лично

Абре Заев, така ти е кога не го слушаш Цацко советникот… сега ќе патите обајцата! (ВИДЕО)

Абре Заев, така ти е кога не го слушаш Цацко советникот… сега ќе патите обајцата! (ВИДЕО)

Ништо од Европа. Ни датум, ни година, ни бутур… Пристап таму немаме, освен географски. На карта! А и картата што ни ја дадоа е шут-карта! Во еден правец…

Добро е Заев, дојди друг пат… Во мај догодина,  да речеме… Па ќе видиме што праиме.

И сега ти „шу праиш“? Нови избори?  Е избори, ама не се сите баш за! Не им одговараат! Како на твоите советници, на пример. А и во мај догодина, по датум гарант ќе оди друго „дете“, место тебе…

Еве на пример, да си го послушаше Заев својот советник Бубо Каров, алијас Цацко Конопишки, сега може немаше да добиеме датум за преговори, ама немаше ни датум за нови избори да му бараат! Вака греота, му ја за*ба советничката кариера на човекот! И нему и на стотици други… Па што го земаш за советник, ако не му ги слушаш советите. Џабе да го арчи буџетот…

А да го послушаше, друго ќе беше. Еве Цацко-советодавецот што викаше уште на времето, ама кој да го послуша у оваа наша Северна, пардон – Црна Македонија?!