Радио Милева
со феноменален изглед

Нина Бадриќ блесна во необичен фустан: Пејачката луксузно го прослави 50-от роденден (фото)

Нина Бадриќ блесна во необичен фустан: Пејачката луксузно го прослави 50-от роденден (фото)

Пејачката Нина Бадриќ го прослави својот 50-ти роденден, сепак, нејзиниот феноменален изглед целосно ги демантира нејзините години па блесна на забава како од бајките.

Имено, таа по повод јубилејниот роденден направи голема прослава за пријателите, колегите и семејството, а се погрижи за секој детал. Повеќе од 140 гости ги пречека романтична атмосфера со медитерански шмек. А меѓу познатите колешки беа Јелена Розга и Петар Грашо.

Ресторанот бил прекрасно уреден, а Нина никогаш не изгледала подобро во бел необичен фустан, на кој бил сошиен предимензиониран цвет од тул. Додека целиот стајлинг го заокружила со светкаво ланче и модерни влечки со високи потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)

Дефинитивно, коментарите на многу истомисленици беа дека на Бадриќ возраста не и може апсолутно ништо и дека со право важи за една од најубавите жени на Балканот!

– Јас сум вегетаријанец, не јадам месо или животински производи, освен малку риба. Мојот дух е на 25 години и претпоставувам дека затоа на многу луѓе им изгледам помладо. Сите сме убави на 25, но во педесеттите се гледа како живееме – заклучила роденденската девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SUNCICA BADRIC (@suncica_badric)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/glorija.rs

Останати вести од Радио Милева