Промотер

Никола Трпковски – Ninne оваа „секс-бомба“ би ја „детонирал“ како – „Динамит“ (ВИДЕО)

Никола Трпковски – Ninne оваа „секс-бомба“ би ја „детонирал“ како – „Динамит“ (ВИДЕО)

Иако е доцна есен, со оглед на времето сѐ уште не е доцна за еден летен хит. Водителот на забавната Јутјуб емисија „Жешко Столче“, Никола Трпковски – Ninne го има „Динамит“-от за оваа есен. Ова не е негово прво остварување, на почетокот на годината ја промовираше „Сада знам“, но овој пат се одлучи за македонска песна, чие видео е снимено во Шпанија.

Мафија, динамит и една презгодна Шпанка се главните протагонисти во текстот потпишан од Елвир Мекиќ. Ninne ни откри дека растел со музиката на Елвир и дека му е чест што токму тој му го напишал текстот кој е многу модерен и урбан.

Видеозаписот е снимен на Палма де Мајорка, и е вистинска разгледница од овој прекрасен остров.

За сѐ да изгледа како што изгледа се погрижи матичната продукција МАГ која стои и зад проектот „Жешко Столче“, а како изгледа сѐ спакувано, погледнете во видеото подолу (КЛИКНИ ТУКА).

Останати вести од Промотер