Радио Милева
среќа

Никола на Симона Поповска наполни шест месеци, па пејачката се пофали со нови фотографии од потпораснатиот син: „Да те гледаме како растеш е најголема радост“ (фото)

Никола на Симона Поповска наполни шест месеци, па пејачката се пофали со нови фотографии од потпораснатиот син: „Да те гледаме како растеш е најголема радост“ (фото)

Познатата македонска пејачка и докторка Симона Поповска кон крајот на април  се реализираше во улогата на мајка.

Имено, ова вест беше изненадување за јавноста бидејќи пејачката претходно не откри дека ќе има принова, ниту пак објавуваше фотографии од трудничкиот стомак.

При крајот на април 2021, Симона и нејзиниот сопруг Крис станаа родители за првпат, односно добија син.

Изненадување за јавноста: Симона Поповска стана мајка (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Отогаш Поповска ужива во среќните и убави моменти во мајчинството, уживајќи во нејзината нова улога и радувајќи се на секој миг поминат со наследникот.

„-Чувството искрено не може ни да се опише,им посакувам ма сите кои што сакаат да се остварат како мајки што побрзо Господ да ги благослови,затоа што ова е еден момент кој што ќе се памети цел живот и не може да се спореди со ништо друго, изјави Симона за породувањето.

Таа има профили на социјалните мрежи, но не „виси“ нон стоп постојано да објавува фотографии.

Овојпат македонската пејачка во кусите приказни на „Инстаграм“ објави нови фотографии од бебенцето.

Имено, таа се пофали дека нејзиниот син наполнил шест месеци. Прво, објави фотографија од половина торта, а покрај неа го пишува името на наследникот – Никола.

Потоа, мама Симона објави фотографија од синчето како го држи во раце во жолта комбинација и заедно позираат покрај жолтата торта.

„Твоите шест месеци ни донесоа толку многу. Радост за нас и за сите околу тебе. Да те гледаме како растеш е најголемата радост што ја очекуваме. Среќни шест месеци роденден“, напиша пејачката во описот на фотографијата.

Инаку, неодамна пејачката излезе на есенска прошетка со наследникот, а во оваа прилика се облече во зелена комбинација односно мини здолниште со подолго зелено палто во комбинација со високи чизми.

Поповска набрзо по породувањето се врати и на музичката сцена односно неодамна ја издаде својата нова песна „Feel so good“.

Потсетуваме, во 2016 година Симона Поповска доби свршенички прстен на патување во Италија од својот сакан Крис Поповски. Следната година во месец август се случи и свршувачката која младите ја прославија во кругот на најблиските на брегот на Охридското езеро, а една година подоцна ја направија и свадбата.

фоото: принтскрин/инстаграм/симона поповска

Останати вести од Радио Милева