Радио Милева
го сака бизнисот

Никој не очекуваше, Ана Николиќ крена раце од музиката: „Повеќе нема да бидам пејачка“ (Фото)

Никој не очекуваше, Ана Николиќ крена раце од музиката: „Повеќе нема да бидам пејачка“ (Фото)

Пејачката Ана Николиќ искрено проговори за фустанот кој го носеше на Беовизија кога ја пееше „Ромале, Ромали“, а потоа истакна дека повеќе не сака да пее.

„Но, навистина тој фустан остави трага во времето“ – рече Ана Николиќ и додаде:„Да знаете, јас повеќе нема да бидам пејачка“ – изјави пејачката во Емисијата „Ексклузивно“.

Да се потсетиме, таа кон крајот на минатата година призна дека планира да се сврти кон бизнисот.

„Во 2022 година сакам да станам бизнисменка, а не само да пеам. Не можам повеќе да пеам … ќе пеам, но не можам повеќе да патувам, да живеам на задното седиште во автомобил или во најдобрите хотели во светот. Сакам да спијам во мојот кревет, до моето дете, да сум во мојата куќа. Не мора да значи дека тоа ќе биде во Србија… Во 2022 година сакам да се преселам во Лондон! Но, најважно во животот е да знаеш од каде си дојден, тоа никогаш не смееш да го заборавиш“ –  изјави Ана на крајот на декември 2021 година.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/ananikolicofficial/јутјуб

 

Останати вести од Радио Милева