Живот и Стил

Никогаш послатко: Рецепт за варено вино кој го освои светот

Никогаш послатко: Рецепт за варено вино кој го освои светот

Еден од начините да се згрееме во студените зимски денови е чаша варено вино. Доколку сакате слатки и топли напитоци, вино и овошје, тогаш ова за вас ќе биде вистинско уживање. Подготовката нема да ви одземе многу време, а уживањето е загарантирано.

Топлите напитоци се нешто што се препорачува кога ќе дојде сезоната на вируси и настинки. Еднаш неделно подгответе добро варено вино и на добар пат сте да ја спречите борбата со течењето на носот, кашлањето и болките во грлото.

Состојки:

5 дл. полусуво црно вино
2,5 дл. вода
3 лажички шеќер
½ лажиче каранфилче
малку цимет
неколку резанки портокал

Подготовка:

Две лажички шеќер се топат на тивок оган. Кога ќе пожолти се прелева со водата, зголемете ја температурата на ринглата и оставете водата да зоврие.

Потоа додадете уште една лажичка шеќер, добро промешајте за сето тоа да се соедини и додадете вино. Кога ќе почне да пени тргнете го садот од ринглата, бидејќи овој напиток не треба да зоврие.

Додајте цимет и каранфилче, добро измешајте и истурете во чаша од подебело стакло со рачка.

Вареното вино се пие додека е топло, можете да го збогатите вкусот така што во него ќе додадете резанка од портокал.

Извор: Курир.мк