Промотер

Несудената македонска “Гранд ѕвезда“, велешанката Валери има нешто да ви соопшти со – „Сега кога знам“ (ВИДЕО)

Несудената македонска “Гранд ѕвезда“, велешанката Валери има нешто да ви соопшти со – „Сега кога знам“ (ВИДЕО)

ВелешанкатаВалери Димовска, која  ја запознавме  по учеството во ТВ шоуто „На иста адреса“, додека на пошироката јавност и стана позната по учеството во регионалто музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, продолжува да реди одлични синглови.

Валери настапуваше во првиот и вториот круг и ги освои шест гласа, a за свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид, но мораше да го напушти натпреварувањето заради тоа што се зарази од Корана вирус и не беше во можност да се појави на снимањето во определениот рок.

Но тоа ниту ја спречи, ниту обесхрабри младата велешанка да продолжи со својата соло кариера чиј пат го трасира со новата песна насловена „Сега кога знам“.

„Декчииии конечно! После подолго време пауза, ова е мојата нова песна на која работевме јас, Dulelud Veljanovski Dule, Zoran Zonde Stojanovski, Goran Simjanoski – видео.
Се надевам дека ќе ви се допадне…. Премногу драг проект ми е ова и со огромно задоволство Ви го претставувам“ – напиша Валери на својот Фејсбук профил промовирајќи ја песната на социјалните мрежи.

При тоа ги покани сите што можат да дојдат и нејзината викенд промоција:

 

„Конечно можам да објавам датум,и да ве поканам сите на промоција за мојата нова песна ‘Сега кога знам’…Повелете оваа сабота, во 20:30 часот во ShortBus“ – порача пејачката.

А сите вие кои не сте ја проследиле, преслушајте ја песната и погледнете го видеото за „Сега кога знам“ на Валери: