Живот и Стил

Несекојдневен предлог за сладок појадок, ужина или вечера: Рецепт за едноставен леб од тиквички

Несекојдневен предлог за сладок појадок, ужина или вечера: Рецепт за едноставен леб од тиквички

Совршен рецепт за појадок, ужина или вечера, леб од тиквички којшто лесно се прави и не бара никакви комплицирани чекори или техники.

Овој важен ароматичен, брз леб без квасец, преполн е со свежи производи и засладен со кафеав шеќер и зачини.

Состојки:
– ¾ шолја масло, најдобро маслиново;
– 1 и ¾ шолја брашно;
– 1 лажица цимет;
– ½ лажица прашок за печиво;
– ½ лажица сол;
– ¼ лажица свежо рендано мускатно оревче;
– 2 јајца;
– ½ кафеав шеќер;
– ¼ шолја обичен шеќер;
– 1 лажица екстракт од ванила;
– 250 грама тиквички;
– 1 шолја ореви (исечкани).

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Ставете малку масло на тепсијата и обложете ја со хартија за печење.

Во сад изматете брашно, цимет, прашок за печиво, сол и мускатно оревче.

Во голем сад изматете ги јајцата. Додадете шеќер и масло, матете додека не се соедини, па додадете го и ванилиниот шеќер. Мешајте додека не се соединат состојките.

Изрендајте ги тиквичките на крупно и префрлете го тестото заедно со половина шолја ореви. Смесата ставете ја во подготвената тепсија и додадете ги останатите ореви.

Печете додека лебот не зарумени, околу 65 до 75 минути.

Оставете го слаткиот леб да отстои во тепсија 15-на минути, а потоа извадете го и оставете целосно да се излади.

извор:кармин.ком.мк