Радио Милева
како тинејџери

Неразделни: Џенифер Лопез и Бен Афлек уловени во љубовен занес во Њујорк (фото)

Неразделни: Џенифер Лопез и Бен Афлек уловени во љубовен занес во Њујорк (фото)

Џенифер Лопез и Бен Афлек по 20 години повторно уживаат во нивната љубов. Неодамна ги покренаа шпекулациите дека раскинале со оглед на тоа дека не се следат на социјалните мрежи.

Меѓутоа, тие речиси се неразделни, a сега се уловени заедно на улиците во Њујорк.

Најновите фотографии потврдуваат дека тие уште се заедно, а нивната љубов е посилна од кога и да било. Двојката цело време се држела за раце и се бакнувале за време на прошетката во паркот.

Парот заедно пристигнале во Њујорк каде што Џенифер имаше концерт на „Global Sitizen“ каде зборувала за љубовта и колку е заљубена.

„Со љубота можеме сè. Љубовта чини чуда. Во последно време само на ум ми е љубовта. Не знам што ми се случува“, изјави Џенифер.

Неодамна, Џенифер и Бен првпат заедно се појавија на црвениот килим и тоа на филмскиот фестивал во Венеција.

фото: profimedia/JosiahW/BACKGRID/VR

Останати вести од Радио Милева