На хуманитарното шоу „Твоето лице звучи познато“ му се ближи крајот, а на тоа по се изгледа најмногу се радува Мира Шкориќ, која во текот на емисиите носеше доста тешки маски, поради кои како што вели го уништила лицето.
-Кога станува збор за маските, јас сум баксуз во целото шоу. Сите кои гиносев беа доста тешки. Тоа е причината поради која имам проблеми со лицето, вели Мира за српски Ало о открива дека поради напорните проби со месеци не може да се опушти.

-Кога се враќам од проби, гледам телевизија и од многу замор не можам да заспијам. Најпосле спијам и апсолутно на се заборавам, Имаме проби кои траат и по 14 часа и никој не не прашува кога сме дошле, вели Мира, но сепак додава дека ќе и недостига шоуто кое завршува за неколку недели.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.