Живот и Стил

Необични знаци кои може да покажуваат на болести на срцето

Необични знаци кои може да покажуваат на болести на срцето

Кардиоваскуларните заболувања се најчеста причина за смрт во светот. Неодамнешните проценки покажуваат дека до 2030 година годишно ќе умираат 23 милиони луѓе од кардиоваскуларни болести. Важно е да се знае дека некои од показателите за болести на срцето и крвните садови се толку суптилни што лесно се занемаруваат и забораваат.

За да можете да ги препознаете важните знаци на потенцијални болести, треба добро да го познавате вашето тело.

ПОТЕКУВАЊЕ НА НОЗЕТЕ

Задржувањето на течности во нозете може да биде предизвикано од срцеви заболувања. Со други зборови, отекувањето на потколениците или областа околу глуждовите може да биде резултат на ослабено срце и намалена способност на срцето да пумпа крв до периферните органи.

АНКСИОЗНОСТ

Многумина никогаш не би се посомневале дека првиот симптом на срцев проблем може да биде анксиозност. Но, срцев удар може да предизвика силна вознемиреност и чувство на страв од смрт. Значителен број пациенти доживеале тежок напад на анксиозност и страв пред срцев удар.

КАШЛИЦА

Долготрајната, упорна кашлица која се претвора во отежнато дишење може да биде знак за срцева слабост. Се јавува поради акумулација на течност во белите дробови. Ако вообичаените лекови за кашлица не помагаат, не ја игнорирајте нејзината сериозност.

ОНЕСВЕСТУВАЊЕ

Падот на крвниот притисок може да предизвика несвестица, што е јасен знак за здравствени проблеми.

БОЛКА ВО ДРУГИТЕ ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО

Повеќето луѓе го поврзуваат срцевиот удар со болка во градите. Но, не мора секогаш да биде така. Во повеќето случаи, болката започнува во градите и се шири на рамената, рацете, лактите, грбот, па дури и на вратот, вилицата и стомакот. Исто така, болката не мора секогаш да започнува во градите, туку најпрво може да се појави на други делови од телото, како на левата или десната рака.

СЛАБОСТ И ИНТЕНЗИВЕН ЗАМОР

Заморот често го препишуваме на пролетта или времето, но не мора секогаш да биде така. Ако се чувствувате уморни без причина или чувствувате голем напор при едноставни активности како што е одење, бидете внимателни бидејќи тоа може да биде поврзано со срцето.

ПОТЕЊЕ

Интензивното потење кое ве погодува кога не сте под физички напор може да биде знак дека дошол до срцев удар.

извор:попара.мк