Радио Милева
Тешко детство

Немал за леб, а сега брои милиони: Родителите на Душко Тошиќ поради сиромаштија морале да го пратат во дом (фото)

Немал за леб, а сега брои милиони: Родителите на Душко Тошиќ поради сиромаштија морале да го пратат во дом (фото)

Поранешниот фудбалер и фудбалски менаџер Душко Тошиќ се разведе со споразумен договор по 14 години брак со Јелена Карлеуша. Она што сите го знаат е дека Душко имал многу тешко детство.

Имено, поради сиромаштија, татко му и мајка му морале да го однесат во интернат, каде што поминал три години, а денес е богат човек.

Поранешниот српски репрезентативец израснал во малото село Орловат кај Зрењанин, во куќа полна со љубов и со малку финансиски средства. Родителите на Душко немале толку многу што таткото Милорад морал да го испрати во Домот за запуштени деца „Ангелина Којиќ Гина“, каде што се школувал и истовремено се тренирал спорт, од кој успеа да заработи милиони.

Сега кога е голема спортска ѕвезда, Душко одлучи да им се одолжи и да им покаже дека не ги заборавил убавите моменти во тој дом.

Според пишувањата на српските медиуми, Тошиќ секоја година донира огромна сума на пари, за да им овозможи подобри услови за живот на децата кои живеат таму.

Екипата на Вип магазин го посетила Домот за деца, а близок пријател на фудбалерот открил дека не сакал никој да знае за неговите хуманитрани дела.

„Само блиските луѓе знаат како му влијаеше тоа што порасна во Дом за деца. Често со насмевка на лицето знае да се потсети на одредени случувања. Никогаш не криеше дека пораснал таму, а со првиот договор вети дека ќе им помага на луѓето кои му помогнале кога немаше ништо.Поминаа десетина години откако првпат донираше пари, а потоа стана традиција, вели изворот и додава дека Тошиќ сака да купи мини стадион и опрема за фудбал за сите деца кои живеат таму, а сакаат да се занимаваат со овој спорт.

Од друга страна, вработените во Домот за деца не сакаа да зборуваат за донациите на фудбалерот, но открија дека се гордеат со него.

„Душко отсекогаш беше добро и скромно дете. Сакаше да тренира. Кај нас беше три години, родителите често го посетуваа. Верувајте ми, ако постои добар човек, тогаш тоа е Душко, изјави еден од вработените.
Новинарите го посетиле и родното место на Тошиќ, а првиот сосед откри зошто Душко одлучил да им направи нов дом на родителите.

„Откако почна да ниже спортски успеси, зборуваше дека на своите ќе им направи дом. Душко ги плати најдобрите работници, а домот беше изграден за помалку од три месеци. Се изненадив кога изгради куќа која не се разликува од другите куќи во селото. Парите не го променија, вели Живадин и додава:

„Кога ќе дојде со ќерките задоволство е да ги гледате како играат во дворот. Не ги заборава ни соседите, прашува што треба, помага и финасиски, иако никој не му бара пари. Слушнав дека помага и во Домот за деца каде што порасна, вели првиот сосед на Душко.

фото:Инстаграм/ДушкоТошиќ/Јутјуб/РАС Србија

Останати вести од Радио Милева