Промотер

„Некст тајм“ ја промовираа „Слушам кај шумат шумите“ (ВИДЕО)

„Некст тајм“ ја промовираа „Слушам кај шумат шумите“ (ВИДЕО)

Завчеравечер, вторник, 10 октомври, во 20 часот, Драмскиот театар во Скопје беше претесен да ги прими роднините, пријателите, другарите, новинарите… на близнаците Мартин и Стефан  од братското дуо „Некст тајм“ кои по цели две и пол години  од фантастичната преработка на „Ја излези Ѓурѓо“ го промовираа видеото за својата нова песна, која е исто така преработка  познатата македонска изворна песна со патриотска содржина, легендарната  „Слушам кај шумат шумите“.

За овој проект браќата соработуваа со композиторот Николче Мицевски, кој го се погрижи за аранжманот на нивната верзија, додекаа миксот е на Дејан Момировски.Тие заедно со Некст Тајм на песната и дале ново руво, нова аудио естетика, во која на импресивен начин се испреплетуваат старото и современото, оригиналот и неговата модерна надградба, преточувајќи ја македонската изворна песна  во она што во денешниот музички израз се нарекува етно или „world music“. 

Одличното видео кое ја следи приказната од стиховите на песната, пак, го изработи екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски, а директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Главната улога ја има познатата актерка Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и малиот Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер Огнен и, секако, браќата од Некст Тајм, Мартин и Стефан Филиповски.

Во промоцијата на видеото за „Слушам кај шумат шумите“  чиј старт од сму ним познати причини доцнеше цели 45-50 минути, во улога на домаќин – наратор присутните ги воведе ТВ водителката Ирена Спироска, која потсетувајќи на историјатот на Некст Тајм, ги покани браќата на на сцената.

„Со гордост ви го претставуваме нашето најново видео. Веруваме дека Македонија ќе е повторно горда“ – рекоа Мартин и Стефан – најавувајќи го спотот.

Пред неговата премиерна проекција, беше прикажан кусиот документарец за тоа како се работеше видеото, во кој  говореа протагонистите кои го изработеа истиот, аранажерот Николче Мицевски  како и самите Стефан и Мартин.

Откако беше емитуван спотот, френетичниот аплауз и овациите во салата на Драмскиот театар не стивнуваа со минути… Очигледно „Шумите… се логично продолжение на  новиот почеток, на фазата на сериозна зрелост на браќата, на една успешна приказна започната со „Ѓурѓа…“, која се надеваме дека ќе трае!

Откако во анплагд издание уште еднаш ги отсвиреа и отпејаа обете песни, Мартин и Стефан најавија дека нивната кариера понатаму ќе се движи токму во овој правец,  откривајќи дека сакаат да снимат и цел албум со вакви преработки на македонски изворни песни. Потоа следуваше коктел во фоајето на Драмски и дружење со присутните.

Останати вести од Промотер