Живот и Стил

Неколку чекори до блескава новогодишна декорација

Неколку чекори до блескава новогодишна декорација

Полека се ближат празниците, но и празничната еуфорија. Во повеќето домови полека се украсуваат новогодишните елки и се поставуваат новогодишни украси. Сепак, ретко кој помислува дека елката, се разбира, пластичната, но и украсите треба да се измијат и исчистат пред да се постават.

Кога ќе завршат празниците, повеќето од нас ги ставаат елката и украсите на таванот или во подрумот и ги оставаат таму со месеци. Секако, за тоа време се акумулира прашина, па елката и украсите треба добро да се измијат пред да станат дел од празничната атмосфера.

Со оглед на тоа дека елката е составена од повеќе делови, таа всушност многу лесно се мие.

Имено, сè што треба да направите е да ја расклопите елката и да ја ставите во када. Оставете ја водата да тече додека елката целосно не се потопи.

Над елката посипете четири лажици сол, четири кесички сода бикарбона и покријте со еден децилитар оцет. Сето тоа добро натопете го и измешајте со раце.

Кога станува збор за пластични украси, ставете ги во поголем сад и прелијте ги со вода. Додадете една кесичка сода бикарбона, една лажица сол и 100 милилитри оцет.

Оставете ги украсите и елката во таа вода околу еден час.

Потоа, украсите измијте ги со чиста вода, оставете ги да се исушат и спремни се за употреба!

извор:точка.ком.мк