Љубов и Секс

Некои бои се афродизијак: Каква да ви биде спалната соба за да ви биде подобар сексуалниот живот?

Некои бои се афродизијак: Каква да ви биде спалната соба за да ви биде подобар сексуалниот живот?

Бојата на ѕидовите на спалната соба, мебелот, завесите и постелнината влијаат на сексуалната желба, покажало едно британско истражување во кое учествувале 2000 испитаници.

-Паровите чија спална соба е обоена во виолетово најмногу уживаат во сексот т.е имаат сексуални односи во просек дури 3,5 пати неделно, покажуваат резултатите од истражувањето.

Исто така и розевата, сината и црвената боја се одлични афродизјаци, велат научниците. Тие додаваат дека и црната боја е одличен афродизјак, за разлика од сивата која се наоѓа на последните места.

-Јорганот и свилената постелнина делуваат стимулативно за сексуални игри, велат научниците и додаваат дека паровите кои спијат на свилена постелнина неколкукратно повеќе водат љубов за разлика од оние кои спијат на памучна.