Радио Милева
како некогаш...

Некогаш настапуваа заедно, па беа „скарани“, а сега повторно блиски: „Вкусот на традицијата“ или животното искуство одново ги зближи Ирена Спасовска и Адријана Алачки? (ФОТО)

Некогаш настапуваа заедно, па беа „скарани“, а сега повторно блиски: „Вкусот на традицијата“ или животното искуство одново ги зближи Ирена Спасовска и Адријана Алачки? (ФОТО)

Ирена Спасовска и Адријана Алачки, заедно? Многумина изненадени од дружбата или соработката на двете фолкерки, но овој пат на друго поле, на планот на кулинарство, готвењето, домаќинлукот, рецептите на нацијата… или со еден збор, сето она што во себе го содржи „Вкусот на традицијата“, една од најгледаните и најуспешни ТВ проекти кога се во прашање готвењето, кулинарските мајстории и гурманските муабети во прашање.

И навидум ништо необично за помладите, но за оние повозрасните, кои „паметат малку поодамна“, веројатно им падна чудно и нобично, зашто кога ќе ги вратат сеќавањата малку наназад, работиите тогаш изгледаа поинаку. Или можеби, не? Сеедно… Сомнежите сепак имаат своја далечна предисторија.

Имено, кон крајот на 80-те и првата половина на 90-те беше вообичаена појава публиката и ТВ гледачите да ги гледаат заедно Ирена Спасовска и Адријана Алачки. Двете фолкерки, засилени со тогашната посилна половина на Адријана, хармоникашот Горан Алачки беа вистинска фолк сензација. Немаше фолк фестивал на кој не настапувале, ТВ емисија во која не се појавиле, и сето тоа зачинето со безброј настапи, огромна популарност, несомнени симпатии кај публиката…

Во моментите кога триото ќе стане квартет откако русокосата Ирена исто така својот тогашен партнер ќе го придодаде кон групата, „хармонијата набргу почнува да не штима“, а односите почнуваат да чкрипат до тој степен, што разидувањето станува  неминовно. Ирена Спасовска со својот пратнер на една, а тогаш се’ уште брачната двојка Адријана и Горан Алачки – на своја страна.

Дека имало кавга – имало, така барем тогаш тврдеа добро информираните фолк кругови и изворите блиски до двете пејачки, но дали до степен да престанат да  разговараат меѓу себе? Според споменатите извори тоа се случило и траело се’ до разидувањето на русокосата и црнката фолкерка со нивните партнери, односно разводот на брачната двојка Алачки, по што пејачките повторно ги „затоплиле“ односите.

Според пејачките пак, тие никогаш и не биле скарани како што зборуваше чаршијата, пишуваа некои медиуми, долго се смета(ше) во јавноста.

Она што денес е евидентно, откако секоја од македонските фолк дами е (барем официјално) соло, дека можеби Ирена и Адријана не се повторно најдобри другарки, но разговараат, повремено се дружат и почитуваат, а сега и соработуваат.

Најдобар доказ последните фотографии на кои Ирена е гостинка кај Адријана во нејзината сега веќе надалеку прочуена емисија за готвење, „Вкусот на традицијата“ со кои дефинитивно ја убедија нацијата дека фолкерките не се скарани.

Адријана оддамна ваквиот пристап го претвори во своја примарна професија, ставајќи го пеењето на второ место, додека Ирена, во екот на коронапандемијата и недостатокот на настапи, исто така се фати за намирниците, продуктите, мирудиите,  кутлачата и сукалото.

Дали и таа ќе и се придружи на својата колешка во готварските марифетлуци или можеби наскоро ќе слушнеме некој фолк хит од русо-црниот дует како во старите добри времиња, очекуваме двете пејачки сами да се изјаснат…

Во меѓувреме, од она што го зготвиле, може понешто и да си каснат!

Фото: Фејсбук/Јутјуб принтскрин

Останати вести од Радио Милева