Радио Милева
Три дами

Нејзините ќерки сме ги виделе, а вака изгледаат мајката и сестрата на пејачката Наташа Малинкова (фото)

Нејзините ќерки сме ги виделе, а вака изгледаат мајката и сестрата на пејачката Наташа Малинкова (фото)
фото:наташа малинкова/инстаграм принтскрин

Неодамна од содржините на Вистина.ком.мк можевте да погледнете и прочитате детали од приватноста на пејачката Наташа Малинкова, поточно од роденденот на нејзината поголема ќерка Султана која стана полнолетна девојка.

Кај Малинкови се почесто има повод за убави нешта и прослава, а овој пат повод беше именденот на нејзината мајка која за првпат ја покажа на социјалните мрежи.

фото:наташа малинкова/инстаграм принтскрин

На заедничката семејна фотографија, Наташа позираше заедно со мајка си и помалата сестра која по професија е фризерка и години наназад се грижи за косата на својата позната дада.

Инаку, Малинкова во време на пандемија не ја остави своја музичка кариера во мурување, туку заедно со својот колега Столе Аврамов ја објавија песната „Се што ми зема“ заедно со видео спот.

Останати вести од Радио Милева