Радио Милева
една година без Аки...

„Недостигаш тато“: Синот на Аки Рахимовски со емотивна објава по повод една година од смртта на неговиот татко (ФОТО)

„Недостигаш тато“: Синот на Аки Рахимовски со емотивна објава по повод една година од смртта на неговиот татко (ФОТО)

Синот на легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски, Кристијан Кики Рахимовски на својот Инстаграм профил на 22 јануари објави емотивна порака по повод годишнината од смртта на неговиот татко.

„Недостигаш тато. Ништо помалку не болиш од претходно. Можеби со време… Се борам со некоја тага во себе како со ветерници, попусто… Можеби со време… Спиј мирно, тато. Тука си, те чувам. Сите те чуваме. Спиј мирно“ – наведе тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kiki Rahimovski (@kiki_rahimovski)

На годишнината од смрта на Аки на неговото вечно почивалиште на гробиштата во Загреб осамнаа букети ио свежо цвеќе, црвени рози и… неколку мали шишиња пиво.

„Скопско“, неговото омилено од саканата Македонија, кои верните обожаватели го оставиле.

Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје. Со 16 годинивеќе свиреше клавијатури во македонскиот бенд „Тор“, кој набргу останува без пејач. Тогаш судбината вмеша прсти и го турна пред микрофонот.

„Парни ваљак“ е основан во 1975 година, откако гитaристот и композиторот Хусеин Хасанефендиќ Хус го видел настапот на Аки. Во 30-годишната кариера на „Парни ваљак“ објавил 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации, две конценртни ДВД-а.

Со „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.

Аки ги испеа најубавите љубовни песни, меѓу бројните песни со кој засекогаш ја одбележа својата интерпретација се „Љубавна“, „Неда“, „Проклета недеља“, „Лутка за бал“, „Као ти“, „Ухвати ритам“, „Угаси ме“, „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Заставе“, „Загреб има исти позивни“, „Моја је пјесма лагана“, „Страница дневника“, „Пусти нек траје“…

Аки почина на 22 јануари 2022 година на 66-годишна возраст.

Фото: Инстаграм принтскрин/kiki_rahimovski/Tomislav Miletic/PIXSELL

 

Останати вести од Радио Милева